Героски прашува дали Заев му се заканува и бара извинување

Објавено во: Македонија 13 Август, 2019
Шокиран сум од изјавата на премиерот Зоран Заев, пишува на својот Фејсбук профил новинарот Бранко Героски по изјавата на Заев дека нема да дозволи криминалци, суетен новинар и еден педер да ја урнат Владата.
Героски пишува дека особено е изненаден затоа што тој со половина од „криминалците" што ги спомнува бил во директна или посредна комуникација.
"Педерот" што го спомнува го крунисаа тој и неговите министри и градоначалници. Дали кога вели "еден суетен новинар" мисли на мене? Ако мисли, нека собере храброст тоа јавно да го каже. И прашувам јавно - дали тоа Зоран Заев мене ми се заканува?
Како и да е, барам премиерот Зоран Заев веднаш јавно да се извини за оваа срамна, крајно безобразна и дискриминирачка изјава, од која извираат нетрпеливост, закани и говор на омраза. Очекувам јавноста, институциите што се овластени да ги штитат граѓаните од дискриминација, новинарските здруженија и претставниците на меѓународната заедница да ја осудат оваа скандалозна изјава на премиерот Заев“, наведува Героски.
Заев денеска го искоментира случајот „Рекет“ за кој засега осомничени се Бојан Јовановски и Зоран Милевски Кичеец, за изнудување пари од бизнисмени.
Можеби ќе ве интересира
УШТЕ Е ТАЈНА ДАНОКОТ ЗА ПОЛОВНИТЕ ВОЗИЛА - сите ја чекаат уредбата

Владина седница во Куманово, министрите и на терен

ФОКУС НА ДЕНОТ: Заев бара да се провери имотот на судиите, а Мицкоски вели оваа била година на сиромаштија

Мицкоски: Не е постигната просечната плата од 30.000 денари која се ветуваше

Заев: Сваровски судовите застанаа на патот на правдата

ПИСМО ДО ЧЛЕНОВИТЕ: Заев порачува дека нема скршнување од патот на победата
