28 Април, 2024
0.0252

Ги нема кај нас – еве каде инвестираат луксузните брендови!

Објавено во: Стил 05 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Токио бил најмногу посакуван град за експанзија од глобалните ланци во 2014 година и покрај мешаните сигнали кои ги испраќа економијата на Јапонија кон инвеститорите, и зголемувањето на данокот на промет, покажуваат податоците на консултантската компанија CBRE. Во минатата година јапонската престолнина привлекла 63 нови брендови, со што ја предводи листата на компанијата. Најактивни на пазарот во градот се луксузните брендови, а нивната желба да влезат на пазарот доведе и до раст на кириите на мал простор во градот, се наведува во извештајот на компанијата. Во топ 15 присутни се главно азиски градови. Втората позиција е за Сингапур со 58 нови брендови, а третата - за Абу Даби со 55. Следат Тајпеј (49), Дубаи (45) и Хонг Конг (45). Москва ја зазема седмата позиција во рангирањето, а е лидер во Европа со 41 нови брендови, кои влегле на пазарот минатата година. Осмото место е за Париз со 40 брендови, а на деветтото е Пекинг со 39. Во топ 15 се наоѓаат уште Доха, Берлин, Торонто, Манила, Штутгарт и Истанбул, нема други градови од Европа. За регионот на Централна и Источна Европа најатрактивна за трговците е Варшава. Главниот град на Полска привлекла 16 нови брендови во 2014 година, а се очекува оваа година да е уште посилна за комерцијалниот пазар. Будимпешта исто така се појавила како посакувана дестинација за светските трговски синџири. Во минатата година градот привлекол 7 нови брендови. Европа сепак е посакувана дестинација за експанзија на глобалните трговски синџири од средната класа, додека во фокусот на луксузните брендови се Азија и Америка. Синџирите од средната класа се и најактивни, што се однесува до експанзија. По земја на потекло најмногу големи се плановите за проширување на трговците од САД, проследено со синџирите од Италија, Велика Британија, Франција и Шпанија. Истовремено Лондон ја задржува лидерската позиција како најдобра меѓународната шопинг дестинација. Речиси 60 проценти од глобалните трговски синџири се претставени во британската престолнина, сметаат експертите. Токму поради интернационалниот карактер на пазарот во Лондон минатата година таму влегле само 12 нови брендот. Како вториот најголем меѓународен пазар во светот Дубаи ги зацврсти позициите, следен од Шангај на третото место. Светските трговски ланци продолжуваат да ги развиваат своите планови за експанзија и се насочуваат кон значително поширок круг од локации, пишува во извештајот на компанијата. Од 164-те истражени за целите на извештајот пазари на половина влегле барем по пет нови ритеилери минатата година. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти