ГИ ПРЕМИНУВА ЛИ ГРАНИЦИТЕ НА ПОЛИТИЧКА ПРИСТОЈНОСТ - еве што напиша пратеникот, професорот и лидерот Апасиев
Објавено во: Македонија 08 Август, 2020
Тој однеодамна е пратеник во Собранието, исто како што е лидер на партија, а и универзитетски професор.
Исто така е и решен да ја скандализира јавнста со своите постови. Се досега тоа можеби и изгледаше донекаде симпатично, па и дозволено за еден таков „бунтовник“ од калибарот на Апасиев.
Но, денеска Димитар Апасиев како да ја помина границата на „штосноста“ и досетливоста, па навлезе во сосема вулгарни и непотребни води, особено за народен избраник кој ќе ги претставува граѓаните во парламентот.
Имаше многу непотребен и вулгарен пост за вицепремиерката во заминување, Радмила Шекеринска.
Министерката Шекеринска се досега на фејсбук нема одговорено на вулгарноста на Апасиев.
Апасиев и досега брануваше со своите постови, на пример оној кога стана пратеник, а неговата партија освои уште едно пратеничко место, кога напиша „Џабе ни се лижете, сите ќе ве стреламе“.
Апасиев со неговата Левица освои над 37 илјади граѓански гласови, толку решија да му ја дадат довербата.
Погледнете го постот на народниот избраник Апасиев, кој го пренесуваме само со цел јавноста да може да го даде својот суд.
До подготовката на овој текст статусот имаше околу 4.000 лајкови.
Н.Н.Ф.