07 Мај, 2024
0.0273

Гинекологот од Шутка лажела за работното искуство

Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

American Hospital од Тирана, Албанија реагираше до македонските медиуми кои пренесоа дека д-р Вјолца Мбиара дел од своето работно искуство го имала токму во оваа болница. Според American Hospital д-р Мбиара никогаш не била вработена во американската болница во Тирана и тврдат дека сериозно го нарушува угледот на нивната компанија во регионот.

По оваа реакција од Американската болница во Тирана се доведува во прашање кој всушност работи во поликлиниката во Шуто Оризари како гинеколог, со оглед на тоа што ова нејзино „искуство“ беше наведено како еден од главните адути кои се презентираа кога таа почна да работи во Шуто Оризари каде што немаше гинеколог долго време.

„Доаѓам од Албанија кадешто и ги завршив студиите на Медицинскиот факултет во Тирана, почнувајќи од 2000. година, заклучно со 2006. По завршувањето на медицинските студии, имав двегодишна пракса во државната клиника во Тирана и тоа во период од две години ( 2006.-2008. година). Специјализацијата по гинекологија ја завршив во Универзитетската клиника за гинекологија и акушерство– Koço Gliozheni и по завршувањето на специјализацијата со просек 9,9, веднаш добив понуда за работа во американската болница во Албанија кадешто работев се додека не се преселив со моето семејство во Гостивар. Значи, од лични причини, за да бидам заедно со моето семејство, заеднички ја донесовме одлуката да дојдеме во Македонија, односно токму тоа беше и причината што дадов оставка во болницата кадешто работев и дојдовме тука заедно со фамилијата“, изјави доктор Мбиара во интервју за порталот Мајка и дете.

Мбиара беше ангажирана од министерството за здравство додека министер беше Арбен Таравари и овој потег беше широко експлоатиран во јавноста бидејќи општината Шуто Оризари долги години немаше никакво присуство на гинеколог.

Можеби ќе ве интересира

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски: Нема предавање и откажување пред 8 мај по ниедна цена

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

Пендаровски се надева на гласовите од сите етнички заедници, Силјановска Давкова на победа со разлика од три спрема еден

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

СЕ СРЕТНАА МИЦКОСКИ И ТАРАВАРИ - се цртаат ли контурите на идната влада, кои се условите

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

Апасиев: Левица не е лажна опозиција, ние имаме светла иднина

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

СЕ ОГЛАСИ ЗОРАН ЗАЕВ: Ова се 15-те важни датуми од современата промоција на македонскиот јазик

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

ЗАГИНА СКОПЈАНЕЦ, А ПОВРЕДЕНИ СЕ СОПРУГАТА И ДВЕТЕ МАЛОЛЕТНИ ДЕЦА - МВР со детали за тешката сообраќајка

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

УШТЕ ДЕНЕСКА И УТРЕ ДА УЖИВАМЕ ВО УБАВОТО ПРОЛЕТНО ВРЕМЕ, А ОД СРЕДА... - еве какви се очекувањата

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

БЕШЕ ПРВАТА ЖРТВА ОД РАСПАДОТ НА ЈУГОСЛАВИЈА - триесет и три години од загинувањето на Сашко Гешовски од Кавадарци

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта

ПУТИН НАРЕДИ ВЕЖБИ ЗА УПОТРЕБА НА ТАКТИЧКО НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ - еве која му е целта