ГИР: Се слушаат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на EУ
Објавено во: Македонија 27 Март, 2024
Eвроамбасадорот Дејвид Гир денеска изјави дека не е точно дека Европската Унија(ЕУ) не ја сака Македонија.
Тој реагира затоа што се шират гласини дека Македонија не може да влезе во ЕУ.
„Вообичаено е да се слушнат гласови на сирени кои велат дека оваа земја не може да и’ пристапи на Европската Унија дали затоа што Унијата не ја сака внатре или затоа што не е способна да биде дел од Европската Унија. Ниту едно од овие тврдења не е точно. Ние сакаме Северна Македонија да биде дел од Европската унија. Патот е практичен и многу лесно остварлив“, изјави Гир.