Ѓорѓи Спасов: Законот за легализација е грешка и на штета на СДСМ, Пендаровски да не потпишува
Објавено во: Македонија 13 Мај, 2021
„Гордана Силјановска овој пат е во право и штета што ниту еден пратеник од СДСМ не се спротивстави на овој чин на "заеднички договор за непочитување на законите и на правната држава". И да се поништи и да не се поништи од овој закон штета ќе има пред се СДСМ бидејќи голем дел од нас и така ВМРО го сметаме за неодговорна партија. СДСМ не смееше да дозволи со еден ваков чин да им даде за право на оние што се обидуваат да докажат дека е ист со ВМРО, пишува професорот.
Вели дека користа што можеби некој ја пресметал за општините пред локалните избори, од легализацијата преку наплатување на 50 отсто повисоки давачки за легализирање на дивоградбите, ќе биде многу помала од штетата што се прави со пораката "градете на диво, кога и да е, тоа ќе се легализира" и од скриената амнестија што ја изнудиле од ВМРО.
„Пендаровски треба да го врати тој закон на доработка и освен бришењето на членот 41, има добри идеи од разни страни како може да се дозволи легализација само на дивоградби кои не ги нарушуваат суштествено ниту ДУП овите ниту ГУП от и не ги загрозуваат заштитените зони и националните паркови. Се друго ќе биде погубно пред се за СДСМ и ќе ја зајакне улогата Левица и на малите партии што не гласаа за овој закон. Уставниот суд би можел со голема леснотија да го укине овој закон а тоа би бил дополнителен пораз за СДСМ, додава Спасов.