Гласале над 86 отсто, на гласање не излегле повеќе од 8.200 членови: Се чека дали сите се за Заев
Објавено во: Македонија 21 Март, 2021
Вкупно 60.790 членови на СДСМ излегле денеска да гласаат на првите директни внатрепартиски избори за претседател на партијата. Право на глас имаа 68.999 членови што значи дека не гласале повеќе од 8.000 луѓе или во проценти, на гласање излегле 87,66 проценти. Ова се резултати од досега обработени изборни места. Допрва се бројат останатите.
За единствениот кандидат за лидер на партијата се гласаше со „за“ и „против“. Уште нема точно колку биле за а колку „против“.
Тој денеска кога гласаше рече дека денес, за првпат во тридецениското постоење на плурализмот во Северна Македонија, токму членовите на СДСМ избираат претседател на директни, внатрепартиски избори.
„Заедно испишуваме историја практикувајќи највисоко ниво на внатрепартиска демократија.
Ова е нова, додадена вредност, нов стандард на македонската политичка сцена, поставен од најдемократската, најпрогресивната, модерна и европска партија – СДСМ, напиша Заев