19 Март, 2024
0.0267

ГЛОБАЛНИОТ СВЕТ И ПРОИЗВОДСТВО НА ХРАНА

Објавено во: Колумни 21 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Примарното земјоделско производство и прехрамбената индустрија се сооечни со предизвиди во новата ера на глобализацијата. Поркај производството, трговијата и маркетингот на прехрамбени производи се ставени во голема зависност од политиката (САР) на Европската Унија и Светската трговска организација, но и од билатералните и регионални трговски договори. 

  Зголемувањето на потрошувачката (потребите) на разнообразна храна заради различни типови на исхрана прилагодени на новиот животен стил, доведе до зголемен натпревар на светскиот пазар. Големите мултинационални компании развија систем на директвни инвестиции на големите пазари низ целиот свет. Се виде дека намалувањето на трансакционите трошоци на глобалниот пазар е можно само преку големите инвестиции.

  Глобалниот пазарен систем придонесе да се оствари напредок во намалување на трансакционите и другите пазарни ограничувања, со што се зголеми степенот на конкуренција меѓу извозниците (фирми и земји). Како последица на тоа, на глобалниот пазар силно се зголеми трговијата со храна,  што се должи на домашната поддршка и промените во пазарниот пристап,кои придонесоа зголемување на ефикасноста на производството и извозните перформанси на земјоделските производи во целиот свет. Меѓутоа нестабилноста на светското производство на храна и натаму е сериозен проблем.

  Нестабилно светско производство на храна. Покрај општопознатиот факт за нерамномерно регионално производство на храна, сериозен проблем е нестабилноста на светското производство.

Стабилноста на производство е неопходен услов за просперитет на секоја земја, а особено е тоа важно за производство на храна. Ова произлегува во главно од три особености на производството.

  Прво: улогата на храната за опстојување на човештвото и за задоволување на побавувачката. Нестабилноста и колебањто на темпото на порст на производството и понудата на прехрамбени производи на пазарот, предизвикува сериозно влијание врз исхраната односно исхранетоста на населението и вкупното ниво на стандардот. Често пати колебањето на производството на храна произведува ширење на гладот и неисхранетост на земјите во развој. Во развиените пак земји, недоволното производство може да доведе до инфлаторни процеси и нарушување на економската нестабилност.

  Можностите за брза ликвидација на колебањето на производство на храна се ограничени, бидејќи голем дел од прехрамбените производи не можат да се складираат и да се чуваат подолго време.

  Втората специфичност произлегува од големата зависност на производните резултати и задоволувањ на комплексните квалитетни барања од природно-климатските услови. Системите во земјоделството функционираат практично во неконтролирани од човек услови. Тие се подложни на поголема нестабилност во користењто на основните природни ресурси. Пресудно влијание врз нивното функционирање имаат колебањата на метеоролошките услови. Глобално затоплување на планетата како и ефектите од озонските дупки веќе предизвикуваат сериозни проблеми со уништување на определени ресурси како и акцелераација на климатските промени.

  Третата особеност произлегува од преплетувањето во производниот систем на економскиот циклус со биолошкиот процес, (растење и развој на живите организми – растенија и животни). За биолошките елементи на системот секоја нестабилност во производните услови има особено тешки последици вклучително и смрт. Заради тоа се релативно поголеми штетите од колебањата во природно-климатските услови во земјоделството врз обемот на произведената храна во споредба со аналогни состојби во други стопански области. Сето тоа го објаснува особениот интерес и внимание со кое владите на определени земји и специјализираните меѓународни организации му го посветуваат на колебањата (нестабилност) во производство на храна.

  Под нестабилност на проиозводството се подразбира секое несакано отстапување од востановените трајни тенденции во развојот на производството на прехрамбени производи. Светското производство на храна не се развива рамномерно.  Подложно е  на колебливост, која понекогаш и во одделни земји и региони добива решавачко значење за исхрана на населението.

  Тенденции на глобалниот пазар на храна. Развојот на производните сили и претворањето на националните пазари во регионални или светски, интеграцијата на земјите во економските сојузи со единствени инвестиции, развојот на монетарната политика, потоа договарање на увозно-извозни квоти, изедначување на социјално и работно законодавство и сл. претставува преод кон нова ера во која слободниот пазар останува само спомен.

  Голем број проблеми на Светскиот пазар се наталожени и чекаат подобри решенија, но тоа не оди ни лесно ни брзо. Добар пример за тоа се средбите кои завршија без решенија и заклучоци на таканареачените милениумски рунди во рамките на СТО, каде се расправа за либерализација на тргвијата.

  Од интересот на агрокомплексот е и делување на Светската здравствена организација. Се настојува да се донесе општо прифатлива глобална развојна стратегија на СЗО со вклучување на граѓанското општество, приватниот сектор и консултанти од повеќе земји, бидејќи е потребно обезбедување на пристап на луѓето до соодветна храна која е истовремено со прифатливи нутритивни квалитети.

  Неспорно е дека во глобализацијата и наметнатите производни технологии од силно развиените на светско ниво производители на храна доведе до сериозни неправилности во исхраната на луѓето.

Светската здравствена организација изразува загриженост за здравјето на луѓето поради преголемата  косумација на производи од животинско потекло произведено во интензивни земјоделски систем. Понатака во земјоделството во некои земји (според СЗО) повеќе се стимулира комерцијалното фармерство отколку да се води сметка за здравствените аспекти и оптоварувањето на животната средина. Негрижата на земјоделското производство за здравствените последици и за одржливоста на животната средина и природните ресурси го ограничува потенцијалот за промени во аграрната политика и производство на здравствено безбедна храна.

  Општата несигурност во општествените односи, чиј најважен но и единствен аспект, невработеност полека станува неподнослива за се поголем број луѓе во многу развиени земји, не само во Европа. Кризите се умножуваат. Освен општествена најголема опасност за денешниот свет е природната нестабилност на системот.

   Неможе да се одмине макар само со кусо навараќање глобалниот свествки пазар и развојот како предизвик, без функционирањето на пазарот на капитал. Големи можности се полагаат во стсранските директни инвеститори. Тој систем секако даде и завидни резултати во развојот и на вклучување  до Европската унија скоро на сите земји од бившото социјалистичко уредување.

  На светскиот пазар се тргува со стоки и услуви од агрокомплексот кои се високо супсидуирани од одделни земји. Тоа ги искривува светските цени, особено кога супст (поддржани) идеите се остваруваат преку пораст на внатрешните откупни цени.  Друга причина за деформација на Светскиот пазар со храна се високо софистицираните технологии што доведе до создавањет на големи залихи на разни видови на прехрамбени производи. Супсидиите во земјоделството и постојаното обединување на неравиените земји се причина за ограничувањето на увозот што се одразува негативно на стабилноста на пазарот. Покрај тоа и многу други политички и економски фактори доведоа до заострување на спротивностите помеѓу увозниците и извозниците.  Условите за зачувување на постојните и освојувањето на нови пазари ја заострува конкуренцијаа и ја отежнува реализацијата на земјоделските производи.

 

  Аграрна политика. Аграрната политика на големите економски системи и асоцијации стана  насочувач на производството на храна. Така денес скоро цела Европа има таканаречена заедничка аграрна политика (САР), а кон неа се ориентирани сите останати Европски земји кои се кандидати за членство во ЕУ. Зошто е така? Сосема е јасно дека аграрната политика претствува регулирање на економските односи во земјоделството од стрна на државата, бидејќи во земјите со високо разиена пазарна економија во праксата се покажа неможност економските процеси да се одвиваат спонтано односно со слободната игра на пазарот. Од друга страна, заедничката аграрна политика на ЕУ се покажа доста успешна, бидејќи успеа да го стимулира и поддржува производството на храна и да обезбеди за релативно кус период од голем увозник на храна  да стане еден од главните  “играчи”  на светскиот пазар, како и да создава големи залихи. Слична аграрна политика со висок протекционизам во производство на храна се разви и во САД, Јапонија, Австралија. Тоа секако е резултат на развиените други стопански области кои алиментираат доволно средства за поддршка на производството на храна. Така, финансиската поддршка доведе до развој на високо интензивна технилогија со користење на големи количини хемија и други несоодветни импути во земјоделството, и прехрамбената индустрија. Така светот се соочи со лоши последици за животната средина и  за здравјето на луѓето и животните. Од кога се направија сериозни штети по животната средина, развените земји започнаа ориентација кои изменета аграрна политика. Се разбира протекционизмот останува со исти или повисоки суми на средств, но сега се трошат средствата за други цели. Се докажа дека аграрната политика мора да го поддржува одржливиот развој, кој има за цел да ја заштитува животната средина, и природните ресурси за идните генерации, а да произведува здравствено безбедна храна.

  Европската унија денес има релативно конзистентна аграрна поитика која се изразува и како агроеколошка политика, а во последно време стана посеопфатна. Агроеколошката политика покрај стабилизација на доходот на земјоделците поддржува : здравствено безбедна храна, одгледување на здрави животни, одржување на земјоделските површини во добра агротехничка и еколошка состојба, развивање на витални селски региони, подобрување и одржување на животната средина. И агроеколошката политика претствува “мешање “на државата, која со помош на комбинација на различни механизми ги регулира економските односи помеѓу производителите и потрошувачите за намаување или спречување на негативните ефекти од страна на стопанските актиавности врз природата. Со регулативата се прецизира дека членките на ЕУ треба да применуваат режим на помагање на земјоделците во подрачја со осетливи точки за заштита на животната средина и природните ресурси. Со регулативата се изразува потреба од примени на технологијата во земјоделството со која се одржува заштита на животната средина и поддршка на селото. Со  средства за поддршка на земјоделството се поддржуваат оние земјоделци кои применуваат во производството методи на органско земјоделство, користат екстензивни системи за производство, ја намалуваат густината на добитокот по единица површина, одгледуваат локални сорти и раси со загрозен опстанок, ги одржуваат и заштитуваат напуштените површини од ерозија и деградација и др.


 Проф.Д-р.Борис Анакиев


Можеби ќе ве интересира

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

Путин доби нов мандат – Европа се подготвува за војна

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?

НАТО војска во Украина или посредништво за мировни преговори?