ГО ЗНАЕ ЛИ РЕШЕНИЕТО ЗА ИМЕТО: Столтенберг повикува на флексибилност
Објавено во: Македонија 15 Февруари, 2018
Се надевам дека наскоро ќе се најде решение за името, што ќе го реши проблемот што постои долго меѓу поранешната југословенска Република Македонија и Грција, и конечно БЈРМ да стане членка на Алијансата, порача генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Тој повика денеска на флексибилност во преговорите за името на Македонија.
Столтенберг на прес-конференција во Брисел изјави дека ќе биде многу внимателен за да не шпекулира за можното решение.
„Затоа ги охрабрувам двете страни да бидат флексибилни и да најдат решение. Ова го разговарав овде и со грчкиот министер за одбрана“- изјави Столтенберг.
Тој вели дека имаат посредник на ОН, кој сега изложува некои предлози како да се реши прашањето за името.
Новата Влада во Скопје покажува подготвеност за флексибилност, смета генералниот секретар на НАТО.
НАТО во 2008-та на Самитот во Букурешт ја покани Македонија да стане членка на Алијансата штом ќе се реши прашањето за името.
Вчера македонските власти соопштија дека од 7 точки за 4 со Грците има приближување на ставови.