08 Мај, 2024
0.0229

Годинава нафтата ја почнува со раст на цената

Објавено во: Економија 03 Јануари, 2017

Добивај вести на Viber

Оваа година нафтата ја почнува со пораст на цената. 

Цените на нафтата се зголемуваат од самиот почетокот на 2017 година, поддржани од договорот за намалувањето на приносот во ОПЕК и надвор од картелот, кој влезе во сила на 1 јануари, пишува Ројтерс.

Нафтата ја заврши 2016 година со зголемување на цената што се покажа најголем годишен раст од 2009 година. Американската лесна сурова нафта WTI поскапе за 45% лани, а европскиот репер Брент – за 52%.

Утрово, WTI поскапе за 0,5% до 54 долари за барел, а цената на Брент расте за 0,44% до 57,07 долари за барел. Се очекува дека јануари ќе ја игра улогата на индикатор за тоа дали договорот ќе се почитува.

„Пазарите ќе бараат докази за намаленото производство“- вели Рик Спунер, главен пазарен аналитичар во CMC Markets во Сиднеј. 

Минатата недела Оман ги извести клиентите дека ќе го намали дотурот за 5% од март.

Либија, за која има исклучок од договорот го зголемила производството до 685.000 барели дневно до недела од околу 600.000 барели дневно во просек во декември. Податоците се од претставник на Националната нафтена корпорација.

Русија, не членува во ОПЕК, но објави дека ископувањето во декември е без промена на ниво 11,21 милиони барели дневно, но се подготвува да го намали производството за 300.000 барели дневно во првата половина од оваа година. 


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката