ГОЛЕМ ДЕФЕКТ: Заради проблеми со далековод, Дебар Маало, делови од Центар и Карпош немаат струја
Објавено во: Македонија 01 Јуни, 2023
Утринава, граѓани од поголем дел на Скопје пријавуваат дека немаат струја. Жители на Карпош,Дебар Маало, од реонот од Католичка црква,Буњаковец, се разбудија без електрична енергија.
Од ЕВН велат дека работат на санирање на проблемот.
-Станува збор за поголем дефект , наши екипи се на терен- истакнаа оттаму.