Големо намалување на стапката на невработеност, објави Заводот за статистика
Објавено во: Економија 07 Септември, 2018
Завод за статистика објави големо намалување на стапката на невработеност за 6,2 проценти во однос на лани во Македонија.
Во вториот квартал во 2017 имало 215.807 невработени во Македонија, додека за истиот период април-мај-јуни оваа година бројката е сведена на 202.398 лица без работа.
За 2,1 процент е зголемен бројот на вработени, објави денеска Државниот завод за статистика.
Според статистичките податоци, во второто тримесечје од годинава во Македонија имало 957.471 активно население од кои 755.073 биле вработени, а 202.398 лица невработени.
Стапката на активност во овој период е 56.9, стапката на вработеност 44.9, додека стапката на невработеност 21.1.