ГОЛЕМО ПОСКАПУВАЊЕ НА ЛЕБОТ: Евростат ја рангираше Македонија на трето место во Европа

Објавено во: Економија 01 Февруари, 2025
Македонските граѓани јадат многу поскап леб за разлика од пред пет години. Eвростат регистрира дека има големо поскапување на цената на лебот во земјава.
Тоа е третото најголемо поскапување на лебот во Европа во изминатите пет години. Евростат објави дека лебот во Македонија поскапил за 65 отсто.
Најголемото поскапување е евидентирано во Унгарија од 113 отсто, а на втората позиција е Полска со пораст од 75 отсто.
Големо поскапување на лебот има и во Словачка од 62 отсто и во Хрватска од 58 отсто, а во нашето окружување, цената на лебот во Бугарија станала повисока за 54 отсто, а во Србија за 39 отсто.
Лебот најмалку поскапел во Швајцарија – 8 отсто, во Финска – 17 отсто, во Франција – 20 отсто и во Шведска – 20 отсто.
Македонските граѓани вчера ги бојкотираа маркетите поради високите цени на намирниците, а истото го направија и во Хрватска и во Црна Гора.
foto freepik.com
Можеби ќе ве интересира
„НЕМА ДА ДОЗВОЛАМ ЗЕМЈОДЕЛЦИ - ФАНТОМИ ДА СЕ БОГАТАТ НА ГРБОТ НА ДРЖАВАТА“: Трипуновски со остра реакција
ОТВОРЕНИ НАД 150.000 НОВИ РАБОТНИ МЕСТА ВО САД ВО ФЕВРУАРИ - расте и невработеноста, еве каде има најмногу отпуштања

ЕВЕ КАКО ДА ЈА НАМАЛИТЕ СМЕТКАТА ЗА СТРУЈА - овие уреди се најголеми потрошувачи на електрична енергија

„ДОБРО СМЕ ПОЗИЦИОНИРАНИ, ЧЕКАМЕ ПОГОЛЕМА ЈАСНОСТ“: Пауел вели дека не е загрижен за економијата на САД
СЕ ЗАОСТРУВА ЦАРИНСКАТА ВОЈНА - Кина воведува многу високи тарифи за производи од Канада - како одмазда

Рози, каранфили, лилјани - купуваме скапо увозно собно цвеќе

Владата на Црна Гора „ќе го маркира“ горивото, а за тоа ќе плаќаат возачите

Трендафилов: Политички играчи прават упад во синдикатот
