19 Декември, 2025
0.1824

Рози, каранфили, лилјани - купуваме скапо увозно собно цвеќе

Објавено во: Економија 08 Март, 2025 18:11

Добивај вести на Viber

Во Македонија се купува увезено цвеќе, а се увезува дури и каранфилот кој порано државава го произведуваше и го извезуваше во Холандија. 

Според податоците од Царинската управа, лани во земјава било увезено свежо цвеќе од близу 280 000 килограми во вредност од речиси 120 милиони денари. Најмногу се увезени рози, потоа хризантеми, па лилјани, каранфили,  орхидеи, гладиоли, а најмалку лутиче.

Увезеното цвеќе е од Холандија преку дистрибутери, потврдуваат од цвеќарниците за МИА кои велат дека набавните цени се големи и тоа влијае на високите цени во продажбата. 

-Цвеќето е холандско. Има неколку дистрибутери во Македонија.  Набавните цени се големи и ние немаме многу заработувачка, иако луѓето мислат поинаку. Има намалена продажба. Поради иселувањето на младите кои се „поекстравагнатни“ во купувањето, додека возрасните преферираат еден цвет, ружа од 150-тина денари или каранфил од 70-тина денари. Оние цвеќарите сме во нерамноправна положба. Не смееме да продаваме земја за цвеќиња ниту нешто повеќе, ашто немаме агроном. А во маркетите, покрај лебот, млекото, се продааваат саксии со цвеќиња. Што ли треба ние да правиме? Да продаваме млеко?, вели Даниела Наумоска, сопственичка на цвеќарница во Прилеп.

Во Македонија има десетина големи расадници кои пак најмногу работа гледаат во продажбата на цвеќе за уредување дворови, градини. До лани преку ИПАРД 3 програмата имаше грантови за отворање расадници.

-Собното цвеќе кое се увезува од Холандија, не се произведува кај нас. За домашните производители е најисплатливо сезонското цвеќе, она што е за во градини. Сезоната ќе почне наскоро, напролет и во лето, вели Никола Дамланоски, сопственик на цвеќарница во Прилеп чие семејство има и расадник.

Според агрономот, инженер по градинарство и цвеќарство Филип Димкоски, климатските промени влијаат на видовивите цвеќиња, но тоа не е невообичаено. Има можности за одгледување но не е евтина дејност. За вљубениците во одгледувањето цвеќе  добро решение е враќање кон старите видови цвеќиња, отпорни на влијанија.

-Во земјоделското производство се вели дека сиромашните држави произведуваат пченица, земјите во развој се занимаваат со овоштарство и лозарство, а развиените со цвеќарство. Цвечарството е сдкапа гртанка, специфична, бара посебни услови, но и висок стандард кај луѓето за да може да уживаат во естетското задоволство на цвеќето иако е отсекогаш израз на најубави желби. За нас соломонското решение е навраќање кон оние стари цветни видови, на нашите баби кои може да бидат многу декоративни, специфични и се многу лесни за производство, вели Димкоски


Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии