21 Октомври, 2021
0.0372

Горан Сугарески: Згрозен сум од ФБ-статусот за личната трагедија на противкандидатот Борче Јовчески

Објавено во: Македонија 20 Септември, 2021

Горан Сугарески, кандидатот на СДСМ за градоначалник на Прилеп, се згрозува од статусот на граѓанин на Фејсбук кој му се заканува на неговиот противкандидат од ВМРО-ДПМНЕ, докторот Борче Јовчески, дека „ќе го најде во ендек и помалиот син“.
„Згрозен сум од објавениот фејсбук статус на сметка на личната трагедија на кандидатот за градоначалник на Прилеп од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески.

Без разлика дали станува збор за вистински или лажен профил, како политичар, но пред се' како човек, најостро го осудувам крајно морбидниот и нехуман чин. Никој нема право да се изживува и да злоупотребува било чија лична трагедија за лични или било какви други интереси.

Во политиката, исто како и во животот, мора да постојат ,,црвени линии" кои не смее да се преминат.

Ова се локални избори кои треба да претставуваат борба на идеи и концепти, а не полигон за дисквалификација на било кој кандидат, од било која политичка опција.

Очекувам надлежните институции да преземат итни мерки, да го откријат сторителот и најстрого да го санкционираат“, реагира поранешниот министер за транспорт и врски и директор на Царинската управа.

Извесниот Роберт Вретоски, кој на социјалните мрежи објавува слики од настани на СДСМ, синоќа му упатил закани за убиство на синот на кандидатот за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ, Борче Јовчески, доколку не ја повлече кандидатурата.
„Наскоро и прислушкуваните разговори за Борчево ке бидат излезени во јавност, па да видите како приватно договара за поткуп на гласачи. Повлекувај се од кандидатура ако ти е мила фамилијата во спротивно ќе го најдеш и помалиот син во некој ендек фрлен како куче“, напишал Вретоски на Фејсбук по што реагираше денеска и Сугарески.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели дека пораката е примена, добиле жолт картон, но ќе се поправат

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Заев вели дека пораката е примена, добиле жолт картон, но ќе се поправат

Скопје има најмногу, а Демир Капија само еден активен случај на коронавирусот

Скопје има најмногу, а Демир Капија само еден активен случај на коронавирусот

Повозрасна скопјанка настрада при пожар во својот дом

Повозрасна скопјанка настрада при пожар во својот дом

Заев вети дека ќе ги послушаат граѓаните за да не добијат црвен картон

Заев вети дека ќе ги послушаат граѓаните за да не добијат црвен картон

Арсовска и Муцунски претставија проект за ИТ-центар во Општина Аеродром

Арсовска и Муцунски претставија проект за ИТ-центар во Општина Аеродром

Тетовец уценувал сограѓанин дека ќе објави компромитичарки фотографии за што повеќе пати земал пари

Тетовец уценувал сограѓанин дека ќе објави компромитичарки фотографии за што повеќе пати земал пари

Ни претстои неработен ден за сите граѓани

Ни претстои неработен ден за сите граѓани

Уште 487 заразени со коронавирусот и 20 починати

Уште 487 заразени со коронавирусот и 20 починати

Таравари најавува дека Алијанса во Кичево ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски

Таравари најавува дека Алијанса во Кичево ќе го поддржи кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Јовановски