10 Мај, 2024
0.0254

Горан Трајков: Без силен синдикат тешко до почитување на работничките права

Објавено во: Економија 26 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Потребата од синдикално здружување на работниците е неопходна,  за исполнување и почитување  на работничките права и  исправување на  неправдата. Работниците се уште не знаат и не можат да разберат што значи  и кон  што би придонело синдикалното здружување.  Но мртвилото на синдикалната моќ  не смее да ги одвраќа работниците во намерата да си ги бараат правата и да го ценат својот труд – вели за Фактор, Горан Трајков активист на Здружението на текстилни и кожарски работници „Гласно“ од Штип. Работниците според него мора  да се организираат и едуцираат за своите права и обврски.

“Работниците сеуште  не се на ниво да си ги разбираат своите права кои извираат од законите,но рака на срце потребни се и измени  и во Законот за работни односи со кои верувам ќе се затворат сите дупки кои се оставени за злоупотреба и кршење на правата на работниците.  Законите треба да се почитуваат се додека се праведни, но доколку предизвикуваат нееднаква полажба потребно е истите да се менуваат.

Потребата од синдикално здружување на работниците е неопходна,  за чување на работничките права, и воедно да се реагира секогаш кога е потребно.

Работниците сеуште не знаат и не можат да разберат што означува и што би придонело синдикалното здружување, но за секоја идеја е потребно и време и простор каде сеуште стојам на ставот дека доколку синдикално не се здружуваат работниците ќе изгубат многу”- додава Трајков.

Иако веќе неколку години приватните фирми имаат обврска за исплата  на регрес за годишен одмор, познат како К-15, дел од конфекциите го заобиколуваат или користат “законски дупки”  за да не ја исполнат законската одредба.

“Проблемот е што  конфекциите  го искористуваат  делот од  Законот кој предвидува исплата на помал износ од предвидениот, доколку работодавачот се соочува со проблеми при работењето:( или попластично да им го доловам на читателите , работодавачот кој сака да мами ја следи едноставна шема или патерн вадење на средства за прикажување на фиктивни трошоци во месеците септември,октомври,ноември,декември со што фирмата ја доведува до негативно салдо и со тоа го исполнува условот да исплаќа помал регрес К-15 како еден од начините)по допрен глас. Оваа можност е дадена со измените на законот,  каде правилата на однесување се произволно дадени и е потребно законска интервенција за допрецизирање или укинување на истиот,  вака создава само неред во опшеството и напнатност помеѓу работниците и работодавачите.) Законот не прецизира кој е тој помал износ што може да се исплати, па работодавецот кој истакнал дека работи со загуба, со потпис на еден од вработените поделил по 100,1000,2000 денари за К-15 ”- објаснува Трајков.

Во повеќе конфекции досега е утврдено исплаќање на плата помала од минималната, а во  дел од нив работниците враќале на рака дел од платата.

“Враќањето на пари назад на работодавачот  стана  ,,мода,,  место да биде претворено во казна. Тие  ја користат  лошата  социо-економска состојба на работниците преку договорите за работа, кои најчесто се на еден месец иако работат со години во истата фирма.Храброста на работникот и тука наидува на ѕид од неправди и не останува ништо освен да  избере дали ќе ги врати парите или ќе го изгуби работното место.Но,  работниците мора да знаат дека кога 200 работници ќе кажат ,,не,, работите ќе се подобрат и ќе се отстранат сите лоши навики, кои ги имаат одреден  број на работодавачи во Македонија” –потенцира Трајков.

Оттука според него е потребно силно синдикално здржување на работниците во синдикати кои ќе ги претставуваат нивните права и ќе  бидат  уредени со колективен договор.

“Работниците мора да знаат една работа, за да си помогнат мора да преземат чекор на акција и да си го искористат своето право на синдикално организирање,нечленувањето во синдикати ги доведува да се соочуваат со овие проблеми. Пример за плата  месец Ноември  2017 г.како би требало да се пресметува:

- ефективна работа -160 час. =12.000,00ден

-работна успешност -5%=600,00 ден

-  минат труд -0.5% на година пр. 10 год раб. Стаж(5%)= 600,00 ден

- прекувремена работа -пр. 8 час. 801,00ден

- работа во празник (доколку има работено)-пр. 8 час- 900,00ден
 Вкупно нето за исплата =14.901,00 ден

По оваа слика и пресметка секој би се фатил на нормата и успешноста, а јас би се задржал на тоа со контра аргумент,  дали налогот е навреме направен? Aко е направен, зошто нормата не успеале да ја фатат работниците? Она што го бараат работодавачите да плаќаат помали придонеси од 12 000ден  до 18 000 ден плата  е нереално затоа што пак сакаат да бидат ставени во привелигирана положба од другите индустриски гранки,  со што се доведува повредата  на  начелото на еднаквост од Уставот на Р.Македонија. Таков  беше случајот со минималната плата донесен од Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ  во 2012 год каде за сите останати сектори беше утврдена минималната плата освен во текстилната каде беше пониска и ги ставаше во подредена положба оваа група на работници.Но за среќа се прекина оваа груба повреда за работниците во текстилната индустрија со покачувањето на минималната плата и израмнување на текстилните и кожарските работници со сите останати сектори”- објаснува Трајков.

Работодавачите според него  треба да бараат  поволни  кредитни линии со доволен грејс период  и подолг временски период на исплата при хуманизација и осовременување на производствениот процес на фабриките.

“Власта апелира да се организираат работниците и да ја кажат вистината како сведоци за неправилностите за да можат да демонстрираат владеење на право ,но  ако ви кажам дека три месеци тројца работници од 300 работници  во една фабрика не можат да соберат храброст да посведочат за враќањето на пари  може и личи на утопија.Цело време ако забележите  инсистирам на тоа дека  решенијата се пред самите работници и е потребна мала доза на храброст за да можат да си ги земат во раце”- додава Трајков.

Формирањето на синдикат како што вели е тешка задача. Процесот е спор, дел од  работадавачите  одбиваат да формираат синдикати, работниците се скептични и уплашени, не се доволно охрабрени да пријавуваат злоупотреби бидејќи се плашат да не бидат избркани од работа или да не им биде вршен притисок од страна на раководството.

“Со последното истражување се заклучи дека дека во 80% од компаните минималната плата е испочитувана, а во останатите 20 % платата се враќа или  не се исплатила, задоцнила.За тоа работниците треба да пишуват и алармираат. Работниците можат да се зачленуваат во постоечкиот синдикат на текстил кожа при ССМ . Работниците имаат здружение на кое можат да се доверат, а при тоа да останат анонимни. Имаат Инспекторат кој демонстрираше решенoст и Министерство за труд и социјала кое  знае да слуша и да припрема решенија за надминување на проблемите”-објаснува Трајков.

Оваа година која полека се ближи кон крајот според него беше само почеток на нова борба, работничка и синдикална. Ќе треба вели уште време работниците да се соочат со стравот и обврските,  за да почнат сами,  а потоа и работодавачите да го ценат нивниот труд.

“Го откривме нормираниот учинок кој се злупотребува од страна на работодавчите кој датира уште од 2012 г, а служи за енормно богатеење врз грбот на работникот. Го отворивме прашањето за нееднаквоста во минималните плати кај текстилните и кожарските работници со останатите вработени. Во 2017г  беше донесен  Закон за зголемување  минимална плата и воедно се изедначени со минималната плата текстилните и кожарските работници. “Гласно” го спроведе првиот успешен Штрајк по 26 години независност со текстилните работници од Мк.Каменица каде во истиот ден им беа исплатени неправедно одземаниот дел од платата.”Гласно” направи Собир на текстилни работници на кој присуствуваа над 800 работници во Штип кои побараа подобрување на состојбите во истите. Работиме на законодавната иницијатива „Од пристојно работно време до пристојна плата “која ќе се финализирала во март месец следната година.  Потоа се работи на имплементација на Законот за укажувачи.Работниците се охрабрија да го осознаат законот и можностите кои произлегуваат од истиот за да можат и самите да постапуваат за решавање на одредени проблеми со кои тие се сооучуваат на работното место”- вели Трајков.

Неисплатена плата и недоместоци на плата, како и неисплатување регрес за годишен одмор, се уште се меѓу главните проблеми со кои се соочува македонскиот работник, иако овие права му се загарантирани со закон. Засега нема статистички податоци колку претставки од вработени има по основ на неисплатен регрес за годишен одмор.

С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Генерали Инвестментс: Странските инвеститори почнаа да купуваат кинески акции

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

Новите биогасни централи во Македонија ќе заработуваат 8 милиони евра годишно?

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ИЛОН МАСК И ТЕСЛА ПОД ИСТРАГА: Американскиот обвинител се сомнева дека лажеле за автопилотот

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

ПОМАЛИ АКЦИОНЕРИ НА „ГРАНИТ“ БАРААТ ПОВИСОКА ДИВИДЕНДА: Велат има доволно средства, Управниот одбор возвраќа со причини зошто не е можно

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

КРИЗАТА СО НЕДВИЖНОСТИТЕ СТИГНА ДО СЛОВЕНИЈА: Сиви облаци се упатуваат кон Хрватска

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

ПОСКАПУВАЊЕ: Koлку чини унца сребро?

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

„ЌЕ ГЛЕДАМЕ СЕКОЈ ДЕН КАКО ПРОПАЃА ПО ЕДНА БАНКА“:Милијардер има застрашувачки предвидувања за светската економија

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

РАСТ НА ТУРИСТИТЕ ВО КИНА - се повеќе се бараат услугите за изнајмување автомобили

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?

KOJA E MИНИМАЛНАТА ПЛАТА ЗА КОЈА БИ РАБОТЕЛЕ: Што кога на интервју за работа ќе ви го постават ова прашање?