14 Мај, 2024
0.0349

Град кој пред 25 години банкротирал, денес е најдобро место за живот

Објавено во: Мои пари 30 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Копенхаген банкротирал во 1994 година, а потоа успеал од уништен, индустриски центар, да стане, официјално најдоброто место за живот во светот.

Копенхаген денес има исчистено и уредено пристаниште во кое жителите уживаат, како и одлична инфраструктура и урбанистичка политика која акцент става на велосипедистите и пешаците.

Урбанистот Јакоб Мацен објаснил дека по банкротот на градот пред 25 години, земјиштето на Копенхаген е префрлено во сопственост на организацијата  By & Havn, но дека градот сепак поседува 95% од нејзините акции. По воспоставување на ваквата организација, почнува препородувањето на градот.

Копенхаген моментално се наоѓа под управата на главниот градоначланик и шест дополнителни градоначалници од различни области.

Човекот и неговите потреби

Човекот и неговите потреби, како и состојбата на неговиот дух биле од исклучително значење за урбанистичката и архитектонска трансформација на Копенхаген. Панорамата на градот, каква што некогаш била, не се променила значајно. Новите објекти воглавно не надминуваат четири до пет катови освен новите посебно значајни градски градби кои се со нешто поголема висина и габарит.

Значаен елемент на Копенхаген е водата. Освен пристаништето, кое e уреденo на начинот во неа да може непречено да се капе, постојат и многубројни водени канали. Имено, жителите на Копенхаген неретко имаат проблем со значајни количини врнежи, така што посебна студија била насочена на создавање мали канали низ градот кои би ја собирале дождовницата што поефикасно која потоа се враќа во системот.

Одржлива економија

Данците се познати по грижата за одржливсот, па така и проектот за трансформација на Копенхаген е вткаен низ проекти од овие области, како бескрајните полиња на ветерници, но зелените кровови на рестораните кои на врвот на објектот имаат градини каде се одгледуваат билки и зеленчук за своите потреби.

Со оглед на фактот дека 50 посто од жителите на Копенхаген секојдневно користат велосипеди како превозно средство, од исклучително значење било да се оформи функционален систем за велосипеди во градот.

Високи цени на становите

Скапите недвижнини се уште еден проблем. Секако, нивните цени пораснале бидејќи овој град е еден од најпосакуваните за живот во светот, па многумина токму таму посакуваат трајно да се преселат.

Секој месец во Копенхаген се доселуваат нови 1000 граѓани, и се планира до 2029 година популацијата на овој град да биде поголема за 100 000 луѓе. За да се намали цената на недвижнини, во данската престолнина, се прават нови острови со насипање на земјиште кое е ископано со градбата на нови линии метроа. Со тоа ќе добијат евтини станови и станови за студените.

Можеби ќе ве интересира

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

СЛЕДУВА НАЈМАСОВНИОТ ПЛАНИНСКИ НАСТАН ВО РЕГИОНОТ – „SPARKASSE LIFE ПРВ ДО ВРВ“

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Кроациа осигурување со фантастичен потег: Во соработка со НЛБ банка обезбеди донација за доопремување на читалницата во НУБ „Св. Климент Охридски“ во Скопје

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Најголемата еколошка акција во историјата на нашата земја GENERALKA WEEKEND 24 ќе се одржи од 17-19 мај

Вложениот труд носи сатисфакција

Вложениот труд носи сатисфакција

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

„Видик“ – нов фестивал за литература и општа култура

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Пристигнуваат T Phone 2 и T Phone 2 Pro: 5G паметни телефони за сите

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Конференцијата за недвижности во Скопје: За кого е наменета и зошто треба да ја посетите?

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Каратистите на „Макпетрол“ ќе учествуваат на светската младинска лига во Шпанија

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти

Групацијата БАЛФИН го објавува ООП Извештајот за 2023 година: „Фондацијата Мане“ обезбедува поддршка за 37 илјади луѓе преку 50 социјални проекти