29 Април, 2024
0.0255

Град Скопје и Државен инспекторат насекаде бркаа диви продавачи на лубеници

Објавено во: Економија 27 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Градот Скопје со Државниот пазарен инспекторат и МВР, како и со асистенција на Јавното претпријатие Улици и патишта, спроведе акција за отстранување нелегални продавачи на улицата Брадфордска во Козле, кај мостот Влајко во Влае и на булеварот Трета македонска бригада во Аеродром, главно бостан и друга стока на диви тезги во скопските населби. 

Во рамките на оваа акција беа запленети над 10 тони стока, која по направените записници од пазарната инспекција беше однесена во Агенцијата за управување со одземен имот. Градот Скопје изрече вкупно осум казни на нелегалните продавачи по основ прекршување на Законот за јавна чистота.

„Оваа акција беше спроведена по барање на околните жители, за да се стави крај на нехигиената и нередот што зад себе го оставаат нелегалните продавачи, како и по барање на продавачите што имаат закупено тезги на зелените пазари и уредно плаќаат за користење на тие тезги со цел заштита од нелојална конкуренција. Нелегалните продавачи на посочените локации минатата недела беа предупредени да ги отстранат своите импровизирани тезги, бидејќи во спротивно ќе им биде одземена стоката и ќе им бидат изречени казни“, соопштија од Град Скопје.

Градските власти велат дека идната сезона ќе се залагаат за соработка со општините со цел регулирање на начинот на сезонската продажба на ваквата стока.

„Градот Скопје, Државниот пазарен инспекторат и Министерството за внатрешни работи имаат еднаков пристап и кон нелегалните продавачи на Битпазар, како и на сите други локации во градот. Отстранувњето на нелегалните продавачи од повеќе локации низ градот ќе продолжи и во наредниот период во насока на воспоставување ред за пофункционален и побезбеден град“, најавуваат од Градот.


Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега