17 Јануари, 2025
0.0345

Град Скопје ќе купува нови велосипеди

Објавено во: Мои пари 03 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Од Градот Скопје не го обелоденуваат проектираниот буџет за новите велосипеди. Информациите покажуваат дека цената на еден рекреативен велосипед е околу 8.000 денари, односно околу 130 евра. Нови 90 велосипеди сака да купи градот Скопје, покажуваат најновите податоци од Бирото за јавни набавки. Градот Скопје ги очекува понудите од компаниите надоцна до 9 овој месец. Тогаш треба да се знае дали, од каде и за колку пари Градот ќе ги набави овие 90 велосипеди. Ако се земат предвид овие цени на велосипедите во Скопје, овие 90 велосипеди Градот ќе го чинат најверојатно околу 12.000 евра, освен ако поради голема конкуренција цените не бидат намалени. По официјално отворање на Проектот за изнајмување велосипеди во градот Скопје под мотото „Остави го автомобилот, вози велосипед“, граѓаните можеа да изнајмат велосипед за 10 денари од час,  со приложување лична карта. Тоа беше проект на ЈП „Градски паркинг“ и Град Скопје. Во мај 2011 година, на територијата на Скопје, од ЈП “Градски паркинг“ најавија дека ќе купат дополнителни 45 велосипеди со што на граѓаните требаше да им бидат на располагање вкупно 110 велосипеди. Вложувањето во новите велосипеди и пунктовите чинеше вкупно 10.000 евра, пари кои ги обезбеди ова јавно претпријатие. Пред две години од Градот најавија и дека ќе набават уште вакви превозни средства, инвестиција од околу 10.000 евра. Од Градот најавија дека овие пари се донација од кинеската амбасада. Проектот за изнајмување на велосипеди стартуваше на 28 јули 2010 година, со вкупно 70 велосипеди, распоредени на три пункта, плоштад Македонија, паркингот „Треска“ во населбата Капиштец и паркингот кај ТЦ „Бисер“ во населбата Аеродром. Тогаш надлежните најавија дека велосипедите ќе се изнајмуваат со пополнување лист со податоци и со давање личната карта на увид и дека малолетните нема да можат да изнајмуваат велосипеди, оти градските власти не можат да ја преземат одговорноста за нивната безбедност. Иако според најавите секој велосипед требаше да има свој идентификациски број, осигурен од уништување, граѓаните кои живеат во близина на трите пункта коментираат дека имале впечаток дека од месец во месец бројот на велосипеди како да се намалувал, а често пати несовесни граѓани ги враќале велосипедите оштетени. К.П

Можеби ќе ве интересира

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Зајакнување на семејните бизниси од генерација на генерација низ целиот свет

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Халкбанк доби меѓународната потврда за извонредност со две награди од Global Banking & Finance Awards

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

Линијата на хотелски телевизори на Samsung за 2025 година го воведува наградуваниот The Frame и Google Cast во хотелскиот сектор, редефинирајќи ги луксузот и иновациите

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

ВЕРО со 100 производи со замрзнати цени во следните шест месеци

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

РЕКОРДЕН ДЕКЕМВРИ СО ВЛТ ДОБИВКИ: МИЛИОН И ТРИСТА ИЛЈАДИ ЕВРА ИСПЛАТИ ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА НА ИГРАЧИТЕ

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Оваа компанија е магнет за вработени: Може да работите од дома, добивате бонус за вработување – се бара само еден услов!

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Автомобилски кредит - Како да го изберете најдоброто решение

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

Точни податоци за силна енергетика: Меморандум меѓу Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Заводот за статистика

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето

„Колку е часот?“ е весел помошник на децата при учењето да го читаат времето