12 Мај, 2024
0.0242

Градежен Институт Македонија регионален лидер во санација на брани

Објавено во: Мои пари 18 Март, 2016

Добивај вести на Viber

Изминатата недела во Вишеград, Градежен Институт Македонија и Гранит Скопје потпишаa договор со Електростопанство на Република Српска – Хидроелектрани на Дрина, за изведба на работи на консолидација под браната ХЕ Вишеград на реката Дрина во БиХ.

Договорените работи се со рок на изведба од 13 месеци, а како водечки партнер е Градежен Институт Македонија АД Скопје, кој на просторите од поранешна Југославија е лидер за ваков вид специјалистички работи. Овој проект е со посебно значење за нашите градители поради специфичноста на проблемот кој треба да се разреши и е познат и во глобални размери. Имено, со изведба на предвидените работи потребно е да се обезбеди стабилноста и сигурноста на браната, а истовремено со намалување на големиот проток на вода под браната да се постигне зголемено производство на електрична енергија.

Со овој договор ГИМ го потврдува континуитетот на повеќе годишно успешно работење во Босна и Херцеговина, докажувајќи го традиционално препознатливиот квалитет на Македонското градителство.

На овој пазар ГИМ делува веќе четири години преку сопствена фирма регистрирана во Бања Лука, обезбедувајќи работа за дел од своите вработени во Македонија, но и вработувајќи локален кадар.

Компанијата поседува соодветни лиценци за работа во Босна и Херцеговина, а во моментов изведува работи во Добој за потребите на светскиот лидер во оперирање со технички гасови МЕСЕР.

Градежен Институт Македонија е лидер во сегментот на градежништвото, со 40 годишно постоење на домашниот и странски пазар, нуди услуги во сите области на градежништвото почнувајќи од планирање, истражување, проектирање, ревизија на проекти, надзор над изградба, лабораториска контрола на квалитет, па се до изведба на специјалистички работи и консалтинг.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“