13 Мај, 2024
0.0240

Градинките под лупа на инспекциите! Салмонелата го вклучи алармот!

Објавено во: Мои пари 10 Ноември, 2013

Добивај вести на Viber

Аферата со салмонела во градинката “Детска радост “ во скопската населба Автокоманда го вклучи алармот кај надлежните. Откако 13 деца беа затруени од храната, инспекциите најавуваат дека ќе ги “чешлаат” градинките. Од Mинистерството за труд и социјална политика велат дека на терен ќе следат засилени контроли, особено во кујните на детските градинки кадешто се приготвув а храната за децата, а ќе се проверува и целосната хигиена во сите простории. Ова е изолиран случај, но не смее да се дозволат и понатамошни пропусти во работата, како и одговорност од оние кои се задолжени за грижа на најмалите-велат од МТСП.
“Министерството за труд и социјална политика во наредниот период во рамки на своите надлежности повторно ќе достави упатство до вработените во кујна кои непосредно се вклучени во организирањето на исхраната на децата во детските градинки и тоа: - Упатство за правилно работење во кујна, одржување на хигиена на просторите, на приборот за јадење, подготвување и чување на храната како и начинот на чување и складирање на храната во магацинските простории. Исто така во нареден период МТСП во соработка со надлежните институции од областа на здравството ќе направат вонредни назори во детските градинки во делот на исхраната на децата” –вели Марјан Гиовски –портпарол на ресорното министерство.
Родителите уплашени и конфузни, откако беа регистрирани првите случаи на салмонела во детската градинка во Гази баба. Велат, одговорност мора да има, но и построги контроли, за да не се случуваат вакви проблеми кои ќе удрат директно по здравјето на децата.
“Мојата ќерка оди баш во градинката во Автокоманда. Искрено да речам, сум била задоволна од третманот и грижата на негувателката и воспитувачката, во делот на грижата. Но, она што морам да го забележам и што мене лично ми смета е што на мали деца им се дава ајвар, еурокрем, инстант пире.Тоа јас во домашната исхрана се трудам да го избегнам, секако колку што можам, бидејќи постарото дете пак обожува еве ајвар на пример. Она што недостасува во сите наши градинки е едукација за правилен начин на исхрана.
На тоа треба да подразмислат и надлежните, а не да реагираат откако нешто ќе се случи. Сега, подебелиот крај, очигледно ќе си го однесе некој од вработените во градинката, дали директоррката или друг незнам, знаеме само она што го слушаме од вас –медиумите, но сепак одговорноста треба да биде поголема. Децата ни се најголемиот животен влог што го оставаме во рацете на непознати и на нивната одговорност и чест. Треба сите малку пошироко да поработат на овој сегмент кој треба да ги засегне и институциите. Прашање е што правеле досега инспекторите? Ако имате каква било информација за некоја градинка навреме протресете се што е сомнително. Да се реагира навреме, а не само да се делува инцидентно, откако проблемот веќе станал поголем” -вели А.Ѓ од скопска Железара. Нутриционистите советуваат : комплетна промена на исхраната во градинките! Присуството на паштети, виршли, сувомеснати производи, шеќерни десерти, крем банани наместо обични, пудинзи, нутели, пецива и леб од бело брашно се само дел од исхраната која често им се дава на децата во градинките , а таа штетно влијае на нивниот раст и развој и многу полесно е подложна на расипување-вели нутриционистот Цвета Динева. Според неа, сериозно треба да се размисли што им се сервира во чиниите на дечињата од најмала возраст, бидејќи она на што се навикнуваат да го конзумираат во градинка, помеѓу своите врсници е храната која ќе ја користат и понатаму, во периодот на раст и развој. Тогаш нивното тело ќе троши енергија која никако нема да ја надомести со мрсна или храна богата со шеќери. За жал, според Динева, кај нас се заборава на овошјето и зеленчукот кои мора да се составен дел од оброците и од исхраната воопшто.
“Во градинките треба да се воведе МНОГУ свежа храна (овошје, зеленчук, свежи сокови, цедени, блендирани-смуди, да се воведе интегралното лебче, интегрални пецива , потоа да се користи свежо месо( не повеќе од два пати неделно). Покрај ова, потребно е да се вметнат во исхраната безглутенските житарки ( просо, палента), да се користат малку млечни производи, а да се заменат истите со козјо сиренце и урда, кисело млеко. Намазите се најлесно достапни, брзи за сервирање и проблемот е решен. Но, не е така! Подобро е да се користи мармалад наместо нутели, кремови и слични намази. Европската унија веќе неколку години дава наменски средства во своите држави за купување на свежи продукти, а ова во регионот го применува и Хрватска”-вели нутриционистот Цвета Динева.
Создавање на здрави навики од најмала возраст! Животните навики се учат од најмала возраст. Тие го следат детето како сенка. Она што ќе го научи од најмали нозе за исхраната, нејзината важност врз здравјето на луѓето, ќе остане врежано и почитувано до крајот на животот. Според педагозите и психолозите, она што отсуствува во грижата кај најмладата популација е низ игра да им се помогне да го разберат значењето на здравата храна. Па така, преку едукативни игри и подготвување на храната во различни форми и големини, кои ќе бидат интересни и привлечни а секако и полесно прифатливи за децата се на пример формите од овошје и зеленчук. Потоа детски фигури изработени од интегрално брашно кои ќе го привлечат вниманието на детето и ќе го мотивираат да проба од новиот вкус и квалитет на производот. Во оваа насока според експертите треба да се бараат начини здравата храна да се доближи до децата. Во меѓувреме градинката „Детска радост“ во општина Гази Баба ќе се соочи со парична казна во висина од 5.000 евра и 500 евра за директорката на оваа установа поради непочитување на стандардите и квалитетот на храната во градинката во која 13 деца имаа симптоми на труење, а кај три беше утврдено присуство на бактеријата салмонела. Кујната во градинката останува затворена за употреба, а исто и вработените од градинката кои поради страв несакаат да зборуваат за овој проблем, кој според изјавите на надлежните, досега неколкупати бил предмет на контроли и испитувања поради недостатоци и утврдени недоследности, во работењето на градинката во однос на стандардите, квалитетот на храната и условите за работа. Инаку, нехигиената или контаминираната храна се главните причини за труењето кое го предизвикува бактеријата салмонела. Од Институтот за јавно здравје велат, дека таа најчесто предизвикува заболувања на цревниот тракт,проследени со пролив и дехидратација на организмот и затоа треба брзо да се реагира и да се лекува. Бактеријата салмонела најчесто се пренесува преку храната. С.Б.

Можеби ќе ве интересира

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

Денеска се одржа 8. издание на „Халк Еко Скопје Трча 10км“ 1650 учесници застанаа на старната линија

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

БРАКО ЌЕ ПРОМОВИРА НОВО ЕЛЕКТРИЧНО ВОЗИЛО НА САЕМ ВО МИНХЕН

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Реализирани 200 бесплатни дермоскопски прегледи на бенки со Mole mah HD

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

Децата е најважно да ги научиме да размислуваат

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

НАЈПОСАКУВАНИОТ СУПЕР МИЛИОНЕР ВРЕДЕН СКОРО 21 МИЛИОН ДЕНАРИ ГО ОСВОИ ИГРАЧ НА ВЛТ ВО ТЕТОВО

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

Халкбанк и Литера: Заедно за културен процут и креативна инспирација

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

„АЏИБАДЕМ СИСТИНА“ ДОДЕЛИ БЛАГОДАРНИЦИ И НАГРАДИ ЗА НАЈХУМАНИТЕ МЕДИЦИНСКИ СЕСТРИ

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

Истражување од Шведска: Високата употреба на никотин не е клучен фактор во развојот на болести поврзани со пушењето

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“

А1 Македонија ја дополнува понудата со услуги за помош во домот во соработка со „ORYX Assistance“