18 Мај, 2024
0.0373

Граѓани внимавајте каде и со кого ги споделувате вашите лични податоци

Објавено во: Македонија 25 Октомври, 2022

Добивај вести на Viber

Во време кога сме сведоци дека во полициските билтени често има пријави за злоупотреби на лични податоци, важно е граѓаните да бидат крајно внимателни каде ги оставаат истите.

Зачестија и случаи на подигање на брзи кредити со украдени лични податоци. Сепак, од Агенцијата за заштита на лични податоци велат дека оваа година граѓаните немаат поднесено барања за утврдување на повреда на правото на заштита на нивните лични податоци при процес на добивање на брз кредит. Додаваат дека во претходните години имало пријави и тие се однесувале на користење на нивните лични податоци од други лица при земање на брз кредит, користење на контакт податоци на лица без нивна согласност за брзи кредити (на пример телефонски број), за рокот на чување на лични податоци во финансиските друштва за брз кредит, злоупотреба на службена должност, фалсификување на потпис при аплицирање за брз кредит и слично.

„Во неколку од овие случаи во кои други лица земале брз кредит во име на подносителот на барањето за утврдување на повреда на правото на заштита на личните податоци, Агенцијата има утврдено повреди. Агенцијата, исто така, во вакви случаи ги советува граѓаните да поднесат кривична пријава поради сторено кривично дело - злоупотреба на лични податоци. Во случај кога физичкото лице на доверба дало свои лични податоци (име, презиме, матичен број) и копија од документ за лична идентификација и потоа му дошло известување од финансиско друштво кое работи со брзи кредити дека е подигнат кредит на негово име без негово знаење и согласност, тоа се смета за злоупотреба на лични податоци од страна на непознато лице. Доколку се бара да биде откриен сторителот, Агенцијата не е надлежна согласно закон да презема дејствија и активности против непознато лице односно не е надлежна за утврдување на сторител, поточно откривање на н.н. сторител и во такви случаи овие предмети се препраќаат на надлежност до Министерството за внатрешни работи. Согласно прописите за заштита на личните податоци, сите кои обработуваат лични податоци (контролор и обработувач) се должни да применат соодветни технички и организациски мерки за да обезбедат ниво на безбедност на личните податоци соодветно на ризикот, применувајќи ги при тоа најновите технолошки достигнувања, а според трошоците за спроведување и природата, обемот, контекстот и целите на обработката, како и ризиците со различен степен на веројатност и сериозност за правата и слободите на физичките лица“, велат од Агенцијата за заштита на лични податоци.

Наведуваат дека Агенцијата во согласност со Законот за заштита на личните податоци“ врши супервизија над заштитата на личните податоци.

Агенцијата ги советуваат граѓаните да бидат претпазливи, но доколку дојде до повреда на нивните права, да реагираат кај нив.

„Не објавувајте фотографии од ваши или туѓи документи со лични податоци на интернет, особено не на социјалните мрежи. Исечете ги или уништете ги вашите стари документи што го прикажуваат вашето име, адреса или други лични податоци за понатаму никој да не може да ги преземе.  Следете го вашиот кредитен извештај и редовно проверувајте ја вашата кредитна картичка и банкарските изводи за сомнителна активност. Кога ќе се преселите од домот, контактирајте ја вашата банка, мобилен оператор, даватели на комунални услуги, тв оператор, вашиот лекар и стоматолог итни дајте им ја вашата нова адреса - не е пожелно новите станари да имаат пристап до пошта која ги содржи вашите лични податоци. Запомнете, колку помалку давате и споделувате информации за себе, толку е помал ризикот тие информации да паднат во погрешни раце“, велат од Агенцијата за заштита на лични податоци.

Ги прашавме граѓаните, каде би пријавиле во случај на злоупотреба на лични податоци.

„Внимавам каде ги оставам моите лични податоци, и ако дојде до некаква злоупотреба би пријавила во полиција“, вели Зора Наумовска, граѓанка.

Друг граѓанин смета дека решението е во строгите казни за сите кои ги кршат законите.

„Јас сум постар човек, и во банка или во друга институција одам со децата и тие подобро знаат од мене. Доколку некој направи злоупотреба, треба да се пријави во полиција. Живеев по Европа, конкретно десет години во Берлин и таму нема простување за никој. Мора да се спроведува закон“, додава Бекир З.

Во Кочани, Дебар, Битола, Скопје, Велес, Штип, Охрид, Тетово, Куманово и во многу други градови според билтенот на МВР имаше случаи на злоупотреба на податоци. За злоупотреба на лични податоци се пропишани високи парични казни.

Сања Атанасовска

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

ОЈО предложи притвор за осомничениот што си ги уби братот и снаата во Стајковци

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

За десетина дена би можел да се знае составот на новата влада: Обвинувања за притисоци за решенијата и одлуките за поништеното гласање

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

Mаксимумот на температурата денес до 29 степени, во Скопје до 27 - но нестабилно: Ова е временската прогноза

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Таравари најави дека до петок ќе има конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ за формирање Влада

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

РАМА: Зошто ја блокирате Северна Македонија?

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

ТАРАВАРИ: Се очекува до петок да се постигне финален договор за формирање на Влада

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

OJO: Поведена постапка за насилство во училиште во Битола каде маж тепал дете, а жена му ја држела наставничката

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

Две обвиненија за Мерко, поставувал некомпетентни директори на училишта

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување

ЗА ПАЛЧО СЕ ОГЛАСИЈА ОД КРИВИЧЕН СУД: Судија на претходна постапка во координација со Јавен обвинител, ќе издаде наредба за спровод за негово произнесување