27 Април, 2024
0.0277

Граѓаните ако сакаат поголем приход по пензионирањето ќе треба да се вклучат и во третиот пензиски столб - подобро некогаш одколку никогаш -

Објавено во: Мои пари 30 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Примарна цел на доброволното капитално финансирано пензиско осигурување е обезбедување повисок приход по пензионирањето, за осигурениците кои се веќе осигурени во едностолбниот и/или во двостолбниот пензиски систем, обезбедување пензија на лицата кои не се опфатени со задолжителното пензиско осигурување лично за себе или од други лица и обезбедување предуслови за воспоставување професионални пензиски шеми од страна на работодавачите.

Тростолбниот пензиски систем е вистинска придобивка за граѓаните, но само доколу навреме се вклучат, односно уште на почеток на својата работна кариера, со што ќе имаат поголема можност за солидна акумулација на средства на својата сметка. Покрај тоа, особено е важно и постојано да се располага со релевантни информации за начинот на кој што функционира пензискиот систем и постојано да се врши увид во индивидуалните пензиски сметки. Од аспект на возраста на членовите, моменталната структура на членови во третиот столб е со просечна возраст од 45 години, што значи дека граѓаните започнуваат со финансиското планирање за својата иднината во средина на својот работен век или кога луѓето не се веќе работно способни со истиот потенцијал. Но секогаш истакнуваме дека е подобро некогаш да се започне одколку никогаш.

Во доброволното капитално финансирано пензиско осигурување, со состојба на 31.12.2019 година, има вкупно 25.181 членови, што значи пораст на членството во годината за околу 3,3%. Од вкупниот број членови во третиот столб 10.205 или околу 41% се членови со доброволна индивидуална сметка, додека 14.976 или околу 59% се учесници во пензиска шема со професионална сметка. Иако бележеше раст, сепак учеството на населението во третиот столб е сеуште скромно, односно само околу 2,6% од вкупното активно население во РСМ се членови со доброволна индивидуална сметка и се учесници во пензиска шема со професионална сметка во доброволен пензиски фонд.

Во врска со учеството на членовите во професионалните пензиски шеми, во САВАд, 3.580 членови се учесници во 1.216 професионални пензиски шеми, а во КБПд, 11.396 членови се учесници во 2.861 професионални пензиски шеми. Постојат професионални пензиски шеми со по неколку десетици членови и професионални пензиски шеми само со по 1 до 2 члена. Од вкупниот број шеми, 14 професионални пензиски шеми имаат по над 100 членови, две шеми имаат по над 500 членови од кои едната има над 1.000 членови.

Во текот на 2019-тата година, во доброволните пензиски фондови се уплатени вкупно околу 304 милиони денари. Средствата во вториот и третиот пензиски столб се инвестираат од страна на специјализирани пензиски друштва. Средствата акумулирани на индивидуалните сметки понатаму овие друштва ги инвестираат на строго регулирани пазари, согласно законските и подзаконските акти.

Дополнително на тоа Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС секојдневно врши супервизија на инвестициските активности на пензиските друштва, па така во текот на 2020 година може да забележиме дека и задолжителните пензиски фондови и доброволните пензиски фондови ги почитуваа максималните инвестициски ограничувања. Во функционирањето на пензискте друштва, од страна на Агенцијата се спроведува проактивна контрола и квантитативни и квалитативни ограничувања на инвестициите. Сепак, за разлика од задолжителното капитално финансирано пензиско осигурување, во доброволното има полиберални услови во врска со инвестирањето.

Структурата на инвестициите на доброволните пензиски фондови, со состојба на 31.12.2019 година, вклучуваат домашни државни обврзници (47,37%) и корпоративна обврзница (перпетуална обврзница издадена од банка – 0,81%), во однос на претходната година, бележи мало зголемување и изнесува 48,18%. Учеството на депозити во домашни банки останува скоро на исто ниво, во однос на претходната година и изнесува 14,94%. Исто така и учеството на акции од домашни издавачи останува скоро на исто ниво, во однос на претходната година и изнесува 8,59%. Многу мал дел од инвестициите на доброволните пензиски фондови припаѓаат на инвестиции во удели од домашни инвестициски фондови (0,001%). Учеството на инвестиции во странство изнесува 26,82% (20,60% во удели на инвестициски фондови и 6,22% во акции). Останатиот дел од средствата на доброволните пензиски фондови го сочинуваат парични средства 1,28% и побарувања 0,18%.

комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

АСО: Неоправдано поскапување на задолжителното автомобилско осигурување

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“

„Позитивниот избор од НЛБ Банка многу не израдува, тоа е потврда дека со нашата активност сме на вистинскиот пат“: Роберт Петрушевски еден од финалистите на пороектот на НЛБ „Рамка за помош“