ГРАЃАНИТЕ ЧЕКААТ: Обрасци за пасоши нема
Објавено во: Македонија 06 Март, 2020
Пред една недела беше најавено дека првата пратка на обрасци за пасоши ќе пристигне денеска од Германија, но тоа не се случи. Засега останати се само 1.700 обрасци.
Од МВР велат дека се во постојана комуникација со германската компанија Веридос и се прават напори пратката од 100.000 патни обрасци да пристигне во најбрз можен рок.
Кон крајот на февруари, беше објавено дека пасош добиле само 17 отсто од тие кои побарале во итна постапка.