Граве плати 17,5 милиони евра за Еуролинк: Трансaкцијата помина
Објавено во: Економија 30 Март, 2020
Граве осигурување и официјално стана мнозиснки сопственик на Еуролинк осигурување. На берзата помина блок транскација во која австриската компанија купи 3.200 акции од осигурителната компанија на Трифун Костовски за 336.109,38 денари по акција или за вкупно17, 5 милиони евра.
Агенцијата за супервизија на осигурување му даде на почетокот на овој месец на Граве Осигурување да го купи Еуролинк осигурување.
Тогаш беше соопштено дека е дадена согласност за стекнување квалификувано учество од страна на Grazer Wechselseitige Versicherung Aktiengesellschaft AG од Грац, Република Австрија на акции, кои претставуваат вкупен кумулативен износ кој надминува 75 отсто од вкупно издадените акции со право на глас во Акционерското друштвото за осигурување ЕУРОЛИНК Скопје.
Од Еуролинк тогаш не ја коментираа согласноста и рекоа дека детали ќе има по официјалната продажба. Еуролинк моментно ја има втората позиција со учество од над 13 проценти на пазарот на неживотно осигурување. Станува збор за позната домашна осигурителна компанија која е во целосна сопственост на GOFI-Group of Finance and investment SA, швајцарскиот инвестициски фонд на познатиот домашен бизнисмен Трифун Костовски.
ГРАВЕ Осигурување АД Скопје е осигурително друштво кое има 100 процентен сопствен капитал од Австрија, австриско осигурително друштво GRAWE од Грац. Во Македонија постои 12 години.
А.Т.