ВО ОВАА ЗЕМЈА ДУРИ И ГЕРМАНЦИТЕ ОДАТ ДА РАБОТАТ: „Платите се двојно повисоки, не се враќам назад“
Објавено во: Економија 06 Јануари, 2025
Осум часот наутро. Сомае Мецгер тропа на вратата на г-ѓа Пениг-Шоси и влегува. „Добро утро. Како си?“ вели медицинската сестра. „Добро утро“, одговара таа. Мари Хозе Пениг-Шоси има 94 години и веќе шест години живее во старечкиот дом „Оп Ламп“ во Васербилиг, Луксембург. Сомае Мецгер е 50 години помлада.
Сомае Мецгер ја облекува г-ѓа Пениг-Шоси, и помага да стане од креветот, ја сместува во инвалидска количка и ја носи во тоалет. По десет минути се враќаат во собата. Г-ѓа Пениг-Шоси сака сама да нанесе кармин, дури и ако негувателката ѝ помага држејќи ја нејзината веќе треперлива рака. Тие зборуваат за поранешната театарска кариера на постарата дама – понекогаш на германски, понекогаш на луксембуршки, сите зачинети со фрази на француски, пишува Дојче веле.
Пред речиси 20 години, Сомае Мецгер реши да ја напушти работата во германски дом за стари лица и да замине да работи во соседен Луксембург. Научила луксембуршки на курс организиран од нејзиниот работодавец. На 13 километри од нејзиниот дом во Трир, Германија, каде што живее со семејството, до нејзиното работно место, за што и се потребни едвај дваесет минути. „Не се покајав за мојата одлука ниту еден момент“, вели Мецгер.
Пословни.хр