05 Мај, 2024
0.0232

“Grawe Real Estate Group“ ја презеде сопственоста врз ХИПЕРИУМ Бизнис Центар во Скопје, Македонија

Објавено во: Мои пари 03 Август, 2017

Добивај вести на Viber

FORTON / CUSHMAN&WAKEFIELD ГО ВОДЕШЕ И ЗАТВОРИ ПРОЦЕСОТ НА ПРОДАЖБАТА

Инвеститорот во недвижности “GraweReal Estate Group“ во целост ја презеде сопственоста врз Хипериум Бизнис Центарот во Скопје. FORTON, како партнер на CUSHMAN&WAKEFIELD за Македонија, го водеше процесот на продажба, претставувајќи го продавачот, Centrice Real estate GmbH.

До 14-ти јули 2017 година, Хипериум Бизнис Центарот беше во целосна сопственост на Centrice Real estate GmbH, компанија со седиште во Австрија.

Хипериум Бизнис Центарот е А класа канцелариски простор, кој се наоѓа во централната бизнис зона во Скопје. Објектот вклучува површина од 7.000 м2 за изнајмување, со 170 паркинг места. Како закупци се сместени високо репутабилни интернационални компании како што се: Triglav Insurance, OSCE, PWC, CISCO Systems итн. Благодарение на неговата премиум локација и квалитет, Хипериум Бизнис Центарот претставува објект кој генерира стабилни приходи. Атрактивната можност за инвестирање во стабилни парични текови (приходи) генерирана од стабилни закупци го привлече вниманието на домашните и странските инвеститори во процесот на продажбата.

Одлуката на “GraweReal Estate Group” да го преземе Хипериум Бизнис Центарот се заснова на целосното подобрување на средината и нивната доверба во проектот. Со преземањето на Хипериум Бизнис Центарот, “GraweReal Estate Group” ја зајакнува својата водечка позиција во недоволно снабдениот пазар на класа А канцелариски простор.

По периодот на стагнација во последните дванаесет месеци, продажбата на Хипериум Бизнис Центарот покажува дека интересите на инвеститорот се насочуваат кон недвижности кои генерираат стабилни приходи. Очекуваме дека ваквиот позитивен тренд ќе се протега и на останатите сегменти на пазарот, вели Влатко Богоевски, Генерален директор и Партнер во Forton/Cushman&Wakefield.

Forton/Cushman&Wakefield и понатаму останува водечка консултантска компанија на полето на недвижности на македонскиот пазар со трансакции со вкупен обем од повеќе од 28 милиони ЕУР во последните 8 месеци. 

Можеби ќе ве интересира

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со нашиот проект „Заедно во инклузивна заедница“ заслужуваме титула регионален победник на „Рамката за помош“ за 2024 на НЛБ Групацијата: Александар Стојановски - Здружение Во Мојот Свет

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ