14 Мај, 2024
0.0270

Грчка диета со 12 главни состојки

Објавено во: Стил 31 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Грчката диета е модерна исхрана, која потсетува многу на Медитеранската исхрана. Ветува непречено и трајно симнување на килограмите, без јо-јо ефект.

Творец на модерната грчка диета е Марија Лој. Според неа се е прашање на лично чувство за рамнотежа и умерен оброк.

Грчката диета е здрав режим. Корисна е за срцето и го намалува ризикот од дијабетес. Освен тоа Грчката диета се грижи за здравјето на мозокот, бидејќи постојат многу омега-3 масни киселини.

12-те главни продукти во Грчката диета

Грчката диета нагласува 12 продукти, наречени хранливи-столбови. Овие основни продукти помагаат при согорувањето на мастите и ги зголемуваат заштитните сили на телото против болестите.

Маслиново масло, јогурт, зеленчук, мешункаста храна, морска храна (риба и морска храна), цели зрна, вино, билки и зачини, овошје, кафе и чај, ореви и семки, пилешко месо и јајца.

1232

Кај Грчката исхрана треба да нагласуваме на растителната храна. 50% од менито за ручек и вечера треба да е од зеленчук, останатите 50 - по ваш избор. Важно е изборот на зеленчук е да е без скроб. Јајцата и морската храна треба да се консумираат 3-4 пати неделно, а пилешкото месо - 2 пати неделно.

Пример мени на Грчката диета

По станување: Чаша вода со сок од лимон Појадок: 1 чаша јогурт, 1 ч.л.ореви, еден оброк мусли и чаша кафе или чај Времена исхрана: 1 овошен плод Ручек: Спаначен Киш и зеленчук салата Времена исхрана: 1 чаша ситни плодови Вечера: Пилешко филе на скара, гарнирано со боранија и чаша вино по желба

12321

Добрите и лошите страни на Грчката диета

Грчката диета е полна со корисна храна, а со тоа и еден куп предности за здравјето. Не треба да ги броите калориите.

Грчката исхрана може да не е многу погодна за физички активните луѓе, освен ако не се направат некои дополнувања и измени во менито.