Грчките фармери излегуваат на големи протести во Атина
Објавено во: Балкан 14 Февруари, 2017
Помеѓу 2 илјади и 3 илјади лица ќе поминат низ центарот на грчката престолнина денеска. Протестот е против плановите за реформи во секторот. Еден од синдикатите во земјата - ADEDY, ги повика своите членови да прекинат со работа денес околу пладне и да ги поддржат протестите на фармерите. До овој момент нема јасност колку масовен ќе биде протестот.
Владата предвидува зголемување осигурувањата во земјоделскиот пензиски фонд OGA, како и зголемување на даноците.
Фармерите сепак се противат на овие намери. Меѓу нивните барања се уште и намалување на минималната возраст за пензионирање во секторот и елиминирање на оданочување за приходи до 12 илјади евра годишно. Приходите без даноци треба да се зголемат и со 3 илјади евра годишно по дете, инсистираат уште вработените во секторот.
Фармерите бараат и одредени количества горива без акцизи, минимални гарантирани цени за земјоделските производи и простување на нивните долгови, дополнуваат грчките медиуми.
Секоја зима грчките фармери ги блокираат патишта во земјата и гранични премини во знак на протест против реформите кои Атина ги прави под притисок на кредиторите. Од таа причина и периодично беше затворање на бугарско-грчката граница - во обид да биде привлечено вниманието на Европската комисија (ЕК).
Во оваа година полицијата не допушти затворање на границата со Бугарија. Сепак за сообраќај е блокиран граничниот премин „Евзони“ со Македонија.
Земјоделците предупредија дека протестот ќе ескалира, ако нивните барања не бидат исполнети.