26 Април, 2024
0.0280

ГРЧКО МНР: Изјавите на Захарова се карактеристичен пример на непочитување на трета земја

Објавено во: Балкан 18 Јули, 2018

Добивај вести на Viber

Од грчкото Министерството за надворешни работи, во одговорот на изјавите на портпаролката на руското МНР, Марија Захарова велат дека изјавите на портпаролката  се карактеристичен пример на непочитување на трета земја, како и недостатокот на разбирање на современиот свет во кој државите, независно од големината, имаат автономија да водат независна, демократска и повеќе димензионална надворешната политика. 

Како што јави дописничката на МИА од Атина, од грчкото МНР велат дека податоците врз база на кои Грција реагирала за четворицата руски државјани, од кои двајца дипломати беа протерани, а двајца добија забрана за влез во земјата,  им биле навремено презентирани на руските власти, „иако самите руски власти многу добро ги знаат постапките на нивните луѓе“.

„Континуираното непочитување на Грција мора да запре. Никој нема право да интервенира во нејзините внатрешни случаи. Неоснованите тврдења, според кои, одлуката е донесена под притисок на трети, не се вредни за коментирање и покажуваат менталитет на луѓе кои не ги разбираат  принципите и вредностите на грчката надворешна политика“- пишува во соопштението од грчкото МНР.

Официјална Атина вели дека, Грција од самиот почеток се стремела да ги разграничи активностите на дипломатите од официјалната руска надворешна политика. 

Захарова денеска кажа дека протерувањето на нивни дипломати ќе има последици. Дипломатите беа обвинети дека работеле против Договорот од Преспа за името. 

Беше кажано дека се обиделе да поткупат грчки официјални претставници.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

(ВИДЕО) ВИДЕОТО СТАНА ХИТ: Телохранителот му даде чешел на Ердоган

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ТОМА ФИЛА ЗА ДАНКА: Добро би било да го најдат детето, но не верувам дека тоа ќе се случи

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

ПИЛИ, НОЖЕВИ, ЛОПАТИ... Од куќата на убиецот Данка Илиќ одземени се десетици предмети: Сите испратени на вештачење, а ова е детален список за тоа што зела полицијата

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

НА ПАЗАРИТЕ ВО СОСЕДСТВОТО ОТКРИЕНА ЛАЖНА „ПЛАЗМА“: Разбиен огромен синџир на продажба на фалсификувани производи

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

РЕЗОЛУЦИЈАТА ЗА СРЕБРЕНИЦА ГО „ТРЕСЕ“ БАЛКАНОТ - наместо да го помири регионот како што предлагаа клучни спонзори од Западот

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

ПЛАТА 120.000, А НЕ ВИ ТРЕБА ФАКУЛТЕТ! Младите се почесто отвораат сопствен бизнис во оваа област, а работници нема доволно во Србија

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

СРБИН МОЛИ ПУТИН ДА МУ ПОМОГНЕ: Се борел во Украина, а не добил руско државјанство

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

УПАТЕНИ НА ПСИХИЈАТАР ВО БЕЛГРАД: Убијците на Данка одат на вештачење

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната

МАКЕДОНЦИТЕ ПОЧНАА МАСОВНО ДА ОДАТ ВО ГРЦИЈА: Еве ги цените во предсезоната