ГРЦИЈА ГО УРНА РЕКОРДОТ ОД 1987: Мицотакис предупреди-земјата го доживува најтешкиот топлотен бран со температура од 46 степени
Објавено во: Балкан 02 Август, 2021
Премиерот на
Грција, Кирјакос Мицотакис денеска во обраќање до јавноста предупреди дека
земјата се соочува со најнеиздржелив топлотен бран од 1987 година, кога биле
измерени 45 степени. Истовремено предупреди дека ваквата топлина помага да се
разгорат пожарите кои од саботата уништија повеќе од 3.000 хектари борови и
маслинови градини во западниот дел на земјата.
Катимерини наведува дека властите апелираат до граѓаните да штедат електрична енергија, бидејќи топлотниот бран ја оптоварил енергетската мрежа во земјата и ја зголеми можноста за прекин на доставата на струја.
Мицотакис рече дека се очеку од утре температурите да се зголемат до 46 степени Целзиусови во некои делови на земјат, нагласувајќи дека Грција го доживува „најтешкиот топлотен бран од 1987 година“, кога за само седум дена починаа повеќе од 1.000 луѓе поради екстремните температури.
FOTO: France 24