Грција ќе инвестира 4 милијарди евра во железничкиот коридор Солун-Русе
Објавено во: Балкан 02 Септември, 2017
Грција ќе инвестира 4 милијарди евра во железничкиот коридор во Солун-Русе што ги поврзува трите грчки пристаништа Солун, Кавала и Александрополис со Црното Море и Дунав. Ова го изјави грчкиот министер за транспорт, Христос Шпидицис, цитиран од Бугарското национално радио.
"Се создава брза железничка врска помеѓу Егејското Море, Црното Море и Дунав, со вредност на проектот само за грчката страна во износ од 4 милијарди евра", рече грчкиот министер за транспорт.
Поврзувањето на пристаништата на двете мориња и втората по големина европска река треба да ги прошири пазарите за операторите кои работат на овие пазари.
Со цел да се реализира проектот, ќе биде формирана заедничка бугарско-грчка компанија во државна сопственост. Меморандумот за изградба на железничкиот коридор ќе биде потпишан на 6 септември во Кавала oд страна на премиерите на двете земји - Бојко Борисов и Алексис Ципрас.