30 Април, 2024
0.0299

Грција тежнее да ја запечати судбината на РМ, Коѕијас, Венизелос и Теодоракис децидни во своите ставови

Објавено во: Балкан 28 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Коѕијас со со мотивирачки и шокантни изјави. Силната Грција да не се плаши од компромис со Скопје, кој се уште не го најде својот идентитет и се плаши да покаже одговорност во регионот, изјави Коѕијас. 

На презентација на нова книга под наслов „Македонското прашање“ тројцата грчки политичари Коѕијас, Венизелос и Теодоракис, со идентичен став - сложено име со географска одредница, за севкупна употреба и промена на македонскиот Устав.

 Шефот на грчката дипломатија Коѕијас, поранешниот вицепремиер и министер за надворешни работи Евангелос Венизелос и лидерот на партијата Река Ставрос Теодоракис повторно исцртаа црвени линии и ги потврдија грчките позиции.

 Коѕијас ги повтори условите за договор - Сложено име со географска одредница, без иредентистички елементи, што нема да навреди ниту една од двете страни. Кажал и дека ПЈРМ е мала земја во потрага по својот идентитет.

  - Името што се согласуваме не треба да има ирелевантни податоци, мора да има географска дефиниција. Комплексно име кое ја изразува специфичноста и географијата на оваа држава без напаѓање на двете страни,кажа Коѕијас.

 Поранешниот претседател на ПАСОК, кој беше и вицепремиер и министер за надворешни работи во претходната грчка Влада, Евангелос Венизелос, за прв пат кажал  дека името треба да биде „по можност непреведено“, сложено име за севкупна употреба, дури и со оние земји кои веќе ја имаат признато Македонија под уставното име.

 Деценискиот спор со името поблиску до компликација од решение. Пораките коишто пристигнуваат од Грција даваат јасна слика - ситуацијата е далеку од сјајна и различна од тоа како се прикажува 

 Синоќа Димитров за една од националните телевизии го повтори ставот кој го кажа по средбата со Коѕијас во петокот - за Македонија неприфатливо е слеано пишување на одредницата со името Македонија, како и име без превод. Димитров го појасни последниот предлог на Нимиц во кој не е јасно кажано дека предложеното име за решение треба да биде непреведено. Шефот на македонската дипломатија со став - ако целта на разговорите е да се најде достоинствена дистинкција меѓу Македонија и регионот во Грција –  тоа е можно. Но ако е целта да бидат Македонците и македонскиот јазик избришани – нема да има решение. 


извор: алфа.мк


Можеби ќе ве интересира

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот

PEPSICO ДОБИ НОВ ГЕНЕРАЛЕН ДИРЕКТОР ЗА ЈУЖНИТЕ ПАЗАРИ НА ЦЕНТРАЛНА ЕВРОПА: Од Белград ќе раководи со 14 меркети во регионот