ГРЦИТЕ ГНЕВНИ: Се пробија до резиденцијата на Ципрас
Објавено во: Балкан 10 Јануари, 2018
Граѓаните кои денеска протестираа против новите економски мерки успеаја да се пробијат до резиденцијата на премиерот, Алексис Ципрас.
Грчката полиција соопшти дека при денешните протести еден полицаец е хоспитализиран со полесни повреди, што ги здобил додека се обидувал да ги спречи демонстрантите да се пробијат до забранетата зона околу премиерската резиденција.
Подоцна лицата кои протестирале мирно го напуштиле местото и нема податоци за упасени.
Грчкиот Парламент денеска ја започна дебатата по новиот предлог-закон, кој е на 1.326 страници и со кој треба да се воведат мерките новите мерки. Пратениците треба да гласаат за законот во понеделник.
Предлог-законот предвидува нови намалувања на социјалната помош, построги услови за штрајковите и мерки за воведување електронска продажба на имотите под хипотека, чии сопственици не можат да ги вратат кредитите што ги земале.
За вечерва во Атина се најавени нови протести против владините мерки.