ГРЦИТЕ НАЈЗАДОЛЖЕНИ ВО ЕВРОПА: Koj e лидер по задолженост во светот?
Објавено во: Финансии 17 Јули, 2020
Меѓу најзадолжените земји во светот се најде и нашиот јужен сосед.
Најголем долг од сите држави во светот, во номинален износ, имаат САД.
Но, ако се разгледува јавниот долг во однос на БДП, тогаш прва држава на оваа листа е Јапонија со удел на долгот од 283 отсто, според податоците на порталот USDebtClock.org.
Националниот долг на Јапонија е повеќе од 12 милијарди долари, а вредноста на БДП е околу 4,3 милијарди долари, поради што се смета за најзадолжена земја на светот.
Кина, второто најголемо стопанство во светот што вреди приближно 13,7 милијарди долари, има долг од околу 7,3 милијарди долари, што сочинува 53 отсто од БДП.
Во Европа најмногу должи Грција. Нејзиниот долг е нешто помалку од 450 милијарди долари, или 220 отсто од БДП.