28 Април, 2024
0.0246

Грците планираат 48-часовен штрајк за името Македонија

Објавено во: Балкан 05 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Грците ќе излезат повторно на улиците, но овој пат со протест пред грчкиот Парламент и 48-часовен генерален штрајк кој  планираат да одржат организаторите на демонстрациите за „одбрана на името Македонија“ во Грција, во случај евентуалниот договор да биде доставен за пратениците да дадат зелено светло.

Според  јавувањата на дописникот на МИА од Атина, еден од организаторите, Отон Јаковидис , за грчката телевизија Скај ги откри плановите во случај, како што вели, „Владата да не ја послуша пораката што ја доби од двата протеста и не ги земе во предвид истражувањата на јавното мислење“.

„Ако прашањето стигне во Парламентот, а претходно не се распише референдум, ние бараме референдум за да не стигне до Парламентот, но ако стигне во Парламентот, истиот ден ќе објавиме 48 часовен генерален штрајк, што во продолжение ќе стане континуиран, ако не се исполнат нашите барања, односно барањата на народот. Во исто време ќе го повикаме грчкиот народ да излезе на Синтагма, да го опколи Парламентот за да ги заштитиме и демократијата и Македонија“, изјави  за ТВ Скај Јаковидис од движењето „Термаикос ора миден“.

Организациите од грчката дијаспора за 18 март најавија протест пред седиштето на ОН во Њујорк, додека пак вчера во грчкиот град Поликастро се одржа собир за Македонија. Насобраните граѓани од центарот на градот, извикувајќи „Македонија е грчка“; „Александар живееш, ти нѐ водиш“; „Народот не заборава, ги беси предавниците“, се обидоа да стигнат до границата со Македонија, меѓутоа беа спречени од полицијата. По малите инциденти, откако дел од демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот блок, граѓаните не успеаја да дојдат до нивната крајна цел, граничниот премин, па се вратија назад.

Можеби ќе ве интересира

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

„ЖИВЕЕМЕ ВО ЕРА НА ТЕХНОФЕУДАЛИЗАМ, НИЕ СМЕ ОБИЧНИ КМЕТОВИ НА ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ“ - Јанис Варуфакис напиша нова книга, еве кои му се плановите

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

БИТКА ЗА „ЈУГОСЛАВИЈА“: Протест во Нов Белград заради рушењето на култниот хотел

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ГАЗДИТЕ НЕ ГИ ИНТЕРЕСИРА ИСКУСТВОТО, ВАЖНО Е ДА САКААТ ДА РАБОТАТ: Овие два занаети се плаќаат повеќе од 150.000 динари месечно во Србија

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ФАРМАЦЕВТ ВРТИ МИЛИОНИ ОД МАСЛИНКИ: Зошто дивее цената на маслиновото масло?

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ОСВЕН ЗЛАТО ЗА ПОЛА ЕВРОПА, СРБИЈА ЌЕ СТАНЕ НАЈГОЛЕМ ПРОИЗВОДИТЕЛ НА БАКАР ВО ЕВРОПА: Се подготвуваат големи инвестиции

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

ЗА СМЕСТУВАЊЕ ВО ПОДРУМ БАРААТ ДУРИ 1.300 ЕВРА: Нудат непостоечки апартмани, Грција годинава пресолена, посебно сега за празниците

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

НАВАЛА ОД СТРАНСКИ РАБОТНИЦИ ВО ХРВАТСКА: Годинава се очекуваат над 200 илјади

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

УШТЕ ЕДНО ГОЛЕМО ПРОШИРУВАЊЕ НА „ЛИДЛ“: Инвестирани 120 милиони евра во нов логистички центар во близина на Загреб

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита

ЧИСТАЧКИ И НЕГУВАТЕЛКИ РАБОТАТ ЗА МИЗЕРНА ИЛИ НИКАКВА ПЛАТА: Најчесто работат на црно, без никаква заштита