Грета Тунберг во трка за Нобелова награда
Објавено во: Свет 26 Февруари, 2020
Активистката за климатските промени, Грета Тунберг, про-демократски активисти во Хонг Конг и НАТО се меѓу кандидатите за годинешната Нобелова награда за мир.
Ако ја освои Нобеловата награда, Тунберг ќе стане втората најмлада победничка на таа престижна награда, по Малале Јусафзаи, која беше пет месеци помлада отколку Тунберг, кога ја освои наградата во 2014 година. Јусафзаи ја доби наградата за посветеноста на правата на децата на училиште, пренесува Индекс.
Седумнаесетгодишната Швеѓанка е позната по тоа што ги охрабрува учениците да избегаат од училиште и да се приклучат на протести, барајќи побрз одговор за климатските промени,. Таа го основа движењето „Петок за иднината“, кое инспирираше бројни младински акции низ целиот свет.
На списокот се наоѓа и саудискиот активист за човекови права Луџаин ал-Хатлул, кој беше номиниран од осум американски конгресмени.
Институтот Нобел, кој никогаш не ги потврдува ниту ги негира имињата на кандидатите, во средата објави дека има добиено 317 номинации – од кои 210 лица и 107 организации. Лани имаше 301 кандидат.
Победникот ќе биде објавен во октомври.