07 Мај, 2024
0.0233

Гришко: Фрлените балетанки се со техничка грешка, фабриката работи

Објавено во: Економија 21 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Од компанијата Гришко потенцираат дека фрлените балетанки на локалната депонија во Демир Хисар се со техничка грешка при производството и дека фабриката продолжува да работи без никаков застој или финансиски проблеми.

„Причината поради која балетанските обувки завршија на депонија е од технички карактер. Тоа се дефекти кои настанале во производството, станува збор за рачна изработка. Сите големи компании во случај на грешка од технички карактер ги повлекуваат назад своите дефектни производи и истите не смеат да бидат пуштени во продажба. Се работи на нарушување на технологијата во производство од страна на вработените. Поради тие причини обувките се класирани како дефект. Станува збор за обувки кои се внимателно сортирани и се собрани од изминатите три-четири години. Бројот на вработени е непроменет. Фабриката ќе работи нормално по нормален тек. Продажбата ќе се одвива како и досега. Како ќе се зголемува побарувачката така ќе расте и бројот на вработени. Многу е тешко во мало место како Слепче да се најде квалификувана работна сила, сепак станува збор за специфична работна изработка на обувки, потребен е доста голем период за да се обучат вработените, а за време на обуката се оштетуваа голем број на обувки. Овој проблем го имаме и во Москва иако е голем град. Од нашата фабрика во Слепче се извезуваме во над 40 земји низ целиот свет, а најмногу во Европа, па затоа нашата компанија има продавница и магацин во Прага, Чешка. Нашата фирма има подарувано обувки во повеќе наврати на македонски балетски училишта, но не им подаруваме обувки со технички дефект, туку со козметички, ситни, незабележителни детали“, велат од Гришко. 

Претходно Фактор објави историјат на инвестицијата на Гришко во Република Македонија, додека пак за информацијата за фрлените балетанки се повика на останатите медиуми кои вчера ја објавија веста.


Можеби ќе ве интересира

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

КЕЛНЕРИ ВО ХРВАТСКА: Реална ли е платата од 2.000 евра?

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

СУША ВО ВИЕТНАМ: Кафето ќе поскапува

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

НЕВРАБОТЕНОСТ ВО ЕУ: Koи земји се со најниска стапка?

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

РАСТАТ ЦЕНИТЕ И ВО УГОСТИТЕЛСТВОТО - најмногу поскапеле ноќевањата, но и храната во рестораните

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

САМИТ НА МАКЕДОНИЈА2025 НА 15 И 16 МАЈ – ФОКУС НА ИНИЦИРАЊЕ ПРОМЕНИ И ИНОВАЦИИ ВО ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

НАЈБОГАТИОТ ЧОВЕК НА СВЕТОТ ИМ ОБЈАВИ ВОЈНА НА ГИГАНТИТЕ СО КАРТИЧКИ: Доста е!

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

ИНФЛАЦИЈАТА ПОВТОРНО ВИСОКА - на годишно ниво е забележан раст од 4 проценти, еве каде има најголемо поскапување

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

КОЈ Е ЧОВЕКОТ ШТО ЌЕ ГО НАСЛЕДИ ПОЗНАТИОТ ВОРЕН БАФЕТ - тој е навистина тежок шеф кој ви ги проверува сите бројки

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката

„ГОЛЕМА ЧЕСТ ЗА НАШАТА ЗЕМЈА“: Брнабиќ ја нарече историска посетата на Кси Џинпинг, еве што кажа за соработката