19 Мај, 2024
0.0276

Грујевски чека втора комисија за азил, одлуката за одбиената екстрадиција е доставена

Објавено во: Македонија 28 Јуни, 2018

Добивај вести на Viber

Адвокатот на Горан Грујевски, Петар Василев на денешното рочиште за случајот „Трезор“ до Судот ја достави одлуката од Врховниот суд во Атина во однос на барањето за екстрадиција и дополни дека поранешниот началник на ПШеттата управа, кој со бегство го избегна притворувањето, чека втора комисија за да му се одобри азил во Грција.

Одлуката гласи дека се одбива барањето за екстрадиција на поранешниот разузнавач  и неговата жалба ја прифаќа и формално и фактички и го ослободува од притвор, доколку не се гони за друго дело. 

„Тој е ослободен на 18 мај во попладневните часови и од тогаш до сега се наоѓа во Грција со статус на барател на азил. Неформално во однос на барањето за азил знам дека има одржано едно интервју и дека е закажано второ интервју. Не сум конкретно запознаен со постапката и не можам да дадам конкретни информации“, рече Василев пред Судот..

Судијката Џенета Бектовиќ даде пауза за да може одлуката да биде доставена до Обвинителството.

На денешното рочиште присутните се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и поранешниот помошник-министер во МВР Небојша Стајковиќ, кои се дел од обвинетите во овој случај.

Тие се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувања и предизвикување штета на Буџетот во висина од 862.045 евра за набавката на електронско-комуникациска опрема за потребите на Петтата управа при УБК и обука за нејзино користење од фирма од Велика Британија.


Можеби ќе ве интересира

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

„Ќе одговараш, страшно ќе одговараш”: 57 годишен маж од Богданци вербално ѝ се заканувал на Кацарска во сред Центар, доби кривична

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

Трагедија во Штип: Едно лице почина, а друго се бори за живот по повреди добиени во лифт во угостителски објект

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

По три часа состанчење ДУИ одлучи: Еве со кој ќе го формираат ставот за прегласувањетo на одредени избирачки места

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Каде ќе се прегласува во среда, а кој колку мандати освои: ДИК официјално

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

Градоначалник доби кривична: Незаконски располагал со буџетски средства за време на избори

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

ШТО ЛИ ЌЕ СЕ ДИСКУТИРА: Претседателството на ДУИ ќе состанчи попладнево

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Се вози без возачка, се „лета“ на црвено, се зборува на мобилен: МВР казнува низ Скопје

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Тошковски: Лишен од слобода виш аналитичар во СВР Скопје, фатен со над 10 илјади евра од сторена измама

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“

Управен суд ги одби како неосновани сите седум тужби од „Европски фронт“