07 Мај, 2024
0.0256

ГРУПАЦИЈАТА НА ПАЗАРИ И КОМОРАТА НА ТРГОВЦИТЕ НА ТЕЗГИ И ЗЕЛЕНИ ПАЗАРИ – ПРЕКУ МЕМОРАНДУМ ЗА СОРАБОТКА ЗАЕДНИЧКИ ВО РЕШАВАЊЕ НА ТЕКОВНИТЕ ПРОБЛЕМИ ВО ДЕЈНОСТА

Објавено во: Мои пари 27 Август, 2018

Добивај вести на Viber

Со цел, унапредувањето на работењето и решавањето на тековните проблеми во дејноста, поттикнување на имплементацијата на европските правила и стандарди, иницирање и остварување соработка по прашања од заеднички интерес, а имајќи ги предвид интересите на двете страни, Групацијата на пазарите во рамки на Здружението на комуналните дејности при Стопанската комора на Македонија и Комора на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари склучија Меморнадум за соработка, информираше на денешната прес конференција Даниела Михајловска Василевска од Стопанската комора на Македонија. 

Предмет на овој Меморандум за соработка е да се воспостави и да се развива деловна соработка во рамките на дејноста, да се иницираат заеднички активности, да се прнесува и разменува знаење и искуство на двете страни. Целлта на потпишувањето на Меморандумот е да обебзедиме, размена на информации од областите кои се од заеднички интерес, соработка на решавање на клучни прашања од значење за дејноста, иницирање на измени и дополнувања на законската рамка на дејноста согласно потребите на субјектите кои функционираат во рамки на дејноста, заедничко учество, соработка, аплицирање и реализација на проектни активности поврзани со дејноста, обезбедување квалитетни деловно-стручни услуги за членовите на двете страни, како и иницијативи за заедничко учество на разни саемски манифестации, форуми, бизнис средби, стручни расправи, работилници и слично во земјата и странство, посочи претседателот на Групацијата на пазарите во рамки на Комората Звонко Стојчев.  

Двете страни согласно овој меморандум ќе имаат можност заеднички да организираат разни средби, конференции, тркалезни маси, форуми, стручни расправи, работилници и други настани.

Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари, е формирана согласно одредбите на донесениот Закон за трговија на зелените пазари од почетокот на годината, согласно кој Комора која треба да ги застапува интересите на закупците на тезги и која треба да врши јавни овластувања согласно со овој закон. Истовремено се уредуваат условите и начинот на вршење на трговија на пазарите во земјата, субјектите кои може да вршат трговија на зелените пазари, условите и начинот на организирање на зелените пазари, евиденцијата на трговците на зелени пазари и правата и обврските на трговците и организаторите на зелените пазари, информираше претседателот на Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари Златко Шекеров. 

  Јавното овластување кое го доделува министерствгото за економија, значи  дека Комората треба да води регистар на закупците, да ги упишува и да издава легитимација за закупците, како и да ја води комуникацијата со централниот регистар за закупците.  Исто така Комората на закупци на тезги ќе има обврска да  доставува информации до Управата за јавни приходи за трговците на зелени пазари регистрирани во регистарот на Комората со цел изготвување на решение за паушално оданочување на истите; како и да има континуирана комуникација со Агенцијата за вработување на Република Македонија, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување на Македонија и Фондот за здравствено осигурување на Македонија.

Исто така една од клучните обврски на Комората на закупци на тезги ќе биде да ја следи и разгледува проблематиката на работата на пазарите, да дава предлози до надлежните државни органи за подобрување на условите за работа, да ги застапува интересите на трговците на зелени пазари и да ги претставува трговците на зелени пазари пред државните органи и тела во Република Македонија. Ќе има и можност согласно законот да дава мислења и предлози при донесувањето на прописи од областа на трговијата на мало на тезги и пазари, како и да формира суд на честа, со цел издигнување на професијата на ниво достојно да ги почитува правата на потрошувачите.

Комората на трговците на Македонија на тезги и зелени пазари како што објасни Шекеров на денешната прфес конференција е формирана од закупци од 10 градови во Македонија, вклучително и Скопје. Односно покриени се сите големи градови каде гравитираат закупците на тезги. Во таа насока и беше иницирана активноста да се потпише меморандум за соработка со Групацијата на пазарите во рамки на Комората бидејќи во оваа групација членуваат организаторите на пазарите во градовите, кои се всушност главните партнери на закупците на тезги во нивното секојдневно работење.

Паралено со носењето на Законот за трговија на зелени пазари (кој предвидува тезгаџиите да плаќаат придонеси за пензиско и здравствено осигурување), се овозможува преку измени и дополнувања на законот за пензиското и инвалидското осигурување пазарџиите кои што продаваат на тезги на зелените пазари и се запишани во регистарот на Комората на трговци де станат осигуреници во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување. Со ова, се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари донесен на почеток на годината.

Придонесите ќе ги плаќаат по тарифата за земјоделец поединец, односно 20 отсто од просечната плата во претходната година. Според пресметките тие за пензиско осигурување ќе плаќаат по 1.500 денари, наместо 5.000 денари колку што се придонесите за најниска плата, додека за здравствено осигурување ќе плаќаат 540 денари.

За да работат на тезгите на зелените пазари, секој од нив ќе треба да има Легитимација која ќе им ја издава Комората на трговци.

Висината на износот што ќе треба да се плаќа за легитимацијата засега не е утврден, а целлта е да биде минимален износ со цел да не ги оптерети закупците а сепак да бидат запзаени законските обврски.

Според Законот за трговија на зелените пазари, на пазарите нема да се издаваат фискални сметки се до влез на нашата земја во ЕУ, а пазарџиите наместо да талкаат низ Централен регистер за регистрација на фирма, ќе работат со лиценци издадени од Комората на трговци.

Можеби ќе ве интересира

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

Одбројуваме уште 15 дена до Конференцијата за комерцијални недвижности

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

БИМИЛК во Битола го носи д-р Ранко Рајовиќ за да го одбележи Светскиот ден на семејството

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ денеска патува до својата крајна станица – Drunken Monkeys

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

АПРИЛ ВОЗБУДЛИВ ЗА ИГРАЧИТЕ НА ВЛТ: ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА ИМ ИСПЛАТИ НА ИГРАЧИТЕ ФАНТАСТИЧНИ 46.238.549 ДЕНАРИ

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Регионална кампања „Вистината е важна“ за опасностите кои ги носат дезинформациите и говорот на омраза

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Дали се сеќавате на оваа игра? Би ја играле и денес?

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Осум каратисти на „Макпетрол“ ќе учествуваат на Европскиот Шампионат во Хрватска

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Посакувам да бидеме дел од трите регионални финалисти на „Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата и токму нашиот проект да стане реалност: Сашко Јованов од Здружението за поддршка и развој „Хуманост“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“

Мило ми е што НЛБ ја препознаа и поддржаа нашата идеја, средствата ќе бидат наменети во нудење и промоција на бесплатна хипотерапијата низ цела држава: Мариа Дуда за „Кантрисајт Ретрит“