29 Април, 2024
0.0280

Гувернерката на НБРМ учествува на Финансискиот форум на Еурофи во Виена

Објавено во: Економија 05 Септември, 2018

Добивај вести на Viber

Гувернерката на Народната банка на Република Македонија, д-р Анита Ангеловска-Бежоска учествува на Финансискиот форум организиран од меѓународната организација Еурофи. Оваа организација претставува платформа за размена на ставови и за дискусија помеѓу претставниците на секторот за финансиски услуги и на институциите носителки на политики во однос на прашања поврзани со регулативата и супервизијата на финансискиот систем, како и прашања од поширок економски контекст. На Форумот којшто се одржува во Виена, Австрија и којшто организациски е поддржан од Австриското претседателство на Советот на Европската Унија, покрај членовите на Еурофи, учествуваат и високи претставници на меѓународните финансиски институции, на министерствата за финансии на тринаесет држави членки на ЕУ, членови на Европската комисија и на Европскиот парламент, како и високи претставници на Европската централна банка и на централни банки на петнаесет држави, меѓу кои од Балканот се гувернерката на НБРМ и гувернерот на Хрватската народна банка.

Во рамки на Форумот, фокусот е ставен на актуелни прашања поврзани со макроекономските и системските предизвици, можностите коишто произлегуваат од воведувањето нови технологии и развојот на одржливи финансии, дискусии околу развојот на алтернативно финансирање во рамки на ЕУ, како и на прашања поврзани со натамошните чекори во однос на процесот на европска интеграција. Во контекст на последното прашање, посебен акцент е ставен на оптимизирањето на банкарската унија, улогата на дигитализацијата за интегрирани финансиски услуги, практичните аспекти на процесот на Брегзит, но и на прашањата за приоритетите во однос на развојот на финансиските пазари и финансиската поддршка за инвестирање во земјите на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Последното прашање ќе биде разгледано на панел-дискусија, на којашто активно учество како излагач ќе има и гувернерката Ангеловска-Бежоска. Во дискусијата со која ќе претседава истакната австриска економистка г-а Гертруде Тумпел-Гугерел, како излагачи ќе учествуваат и директорката за стратешки анализи за Југоисточна Европа во Европската инвестициска банка, д-р Дебора Револтела, раководителот на Одделението за финансиски политики на Постојаното претставништво на Република Словачка во Европската Унија во Брисел и потпретседател на Центарот за финансиски иновации при Словачкото министерство за финансии, м-р Петер Палуш, претседателот на Одборот на гувернери на Букурешката берза, д-р Лучан-Клаудиу Ангел, раководителот на Одделот за ЦИЈИЕ на „Уникредит“, г. Карло Вивалди и управниот директор на американската глобална корпорација за управување со инвестиции „Блекрок“, г. Јенс-Кристијан Хејгел.

Во рамките на оваа панел-дискусија ќе бидат разгледани главните ограничувачки фактори на финансирањето и инвестирањето во земјите на ЦИЈИЕ, ќе се идентификуваат клучните точки каде што има потреба за дополнително и алтернативно финансирање, ограничувачките фактори за поголема понуда на кредити и за развој на финансиските пазари во целина, како и улогата на различните иницијативи (Виенската иницијатива, мерките за формирање унија на пазар на капитал, иницијативата СРСС во рамките на ЕУ и слично) во поддршката на развојот на финансиските пазари.

Осврт на гувернерката Ангеловска-Бежоска за финансиските и инвестициските предизвици во регионот на ЦИЈИЕ е објавен и воспецијалното издание на магазинот на Еурофи, подготвено по повод одржувањето на овој форум, значаен во глобални рамки.

Можеби ќе ве интересира

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

ПАК НА ПРОТЕСТИ: Вработените во Фондот за здравство бараат повисоки плати

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

МФ: Комисијата за осигурување од автомобилска одговорност бара да се стават во мирување одлуките на друштвата за осигурување

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

Чилеанците не можат да издржат, го намалија бројот на работни часови

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

АЛКАЛОИД СО НОВ УСПЕХ: продажбата за првите три месеци се зголемила за 13 проценти, инвестиции од 4,8 милиони евра

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

За да увезуваме возила сме платиле многу поголем данок

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

КОИ ДРЖАВНИ СЛУЖБЕНИЦИ МОЖАТ ДА СЕ ПОФАЛАТ СО ДЕБЕЛИ ПЛАТИ – се жалат дека им фалат колеги, многумина би сакале да се на нивно место

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ПРОДАВАЧКА ДОБИЛА ОТКАЗ ПОСЛЕ 68 ГОДИНИ РАБОТА - поради работата не одела ни на меден месец, граѓаните во солзи

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

ЕУ ВОВЕДУВА НОВИ ПРАВИЛА: Голем дел од амбалажата што сега ја знаеме, до 2023 година веќе нема да изгледа исто

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега

НЕ Е МАРАТОНЕЦ, НО ТРЧА СО БРЗИНА ОД 6 КИЛОМЕТРИ НА ЧАС - Тиангонг е хуманоиден робот кој се движи како ниеден досега