Добивај вести на Viber
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан оствари официјална посета на Белград каде на српскиот премиер Александар Вучиќ му порача дека на Србија вратите во Европска унија и се отворени и таа е прва на листата за проширување.
Пред протоколарните средби србите со ракија и благо го нагостија Хан во Скадарлија, познатиот кварт со староградски кафани, а го пречекаа деца во народна носија. Хан и Вучиќ потоа вечераа во престижната кафана „Два елена“.
На денешната средба во Белград беше упатена јасна порака од Хан: На почетокот на јули се одржа самитот во Париз и сите лидери изразија посветеност на проширувањето на Унијата на Западен Балкан, а Србија е на врвот на таа листа и бидете уверени дека има поддршка и одлучност Србија да биде дел од европското семејство, изјави еврокомесарот.