13 Мај, 2024
0.0280

Хан: Испраќам независни експерти за владеење на правото предводени од Прибе

Објавено во: Македонија 07 Јуни, 2017

Добивај вести на Viber

Еврокомесарот за соседска политика и преговори,  Јоханес Хан во Македонија повтoрно ќе го испрати Рајнхард Прибе со група експерти. 

Целта е да ѝ помогнат на новата Влада со совети околу системски прашања за владеење на правото. Експертите ќе ја посетата земјава наскоро за да изработат анализа на актуелната ситуација, дополнување на претходните заклучоци, како и препораки за решавање на проблемите во однос на системските прашања за владеење на правото, во поднос на кои во изминатите години имаше назадување.

Хан вели дека ова е дел од подготвеноста на ЕУ да соработува и да ја поддржува новата Влада во нејзините реформски напори. 

„Повторно испраќам група независни експерти за владеење на правото, предводени од Рајнхард Прибе, пензиониран Директор во Европската комисија за да ѝ помогнат и да ја советуваат новата влада за системски прашања за владеење на правото. Оваа група ќе ги вклучува истите експерти кои го подготвија извештајот со препораките што се однесуваа на прислушуваните разговори во 2015 година. Нивната работа придонесе за изработка на Итните реформски приоритети, кои беа содржани и во Договорот од Пржино“- стои во писмената изјава од Хан.

Еврокомесарот побарал од евроамбасадорот во Македонија, Самуел Жбогар со новата Влада да разговара за пошироки приоритети во однос на реформите неопходни за приближување кон ЕУ. Поточно за конкретни резултати,  рокови, но и како ЕУ може да обезбеди помош и совет за овие реформи.

Хан најавува соработка со новата Влада, како и со опозицијата, со цел да се врати земјата назад на евроинтегративниот пат кој граѓаните го сакаат и го заслужуваат.  

Можеби ќе ве интересира

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВО ОПШТИНА ВЕЛЕС: Советникoт од СДСМ, Кирил Гајдов си поднесе оставка

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВЕСЕЛА ЧЕРНЕВА: Teшко дека Северна Македонија ќе почне преговори со ЕУ

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ВРСНИЧКО НАСИЛСТВО: Малолетнички нападнале соученичка и ја снимале

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ГРЦИТЕ СЕ ЛУТИ: Дали ветото е на маса?

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

ТРАГЕДИЈА: Почина 14-годишно дете од Битола додека си играло на ливада

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

СЕ ОГЛАСИ И АМЕРИКАНСКАТА АМБАСАДА: „Ќе продолжиме да ја зајакнуваме важноста на почитувањето на меѓународните договори“

Поранешниот директор на ПИОМ со уште една пријава, плаќал кирија за сестра му

Поранешниот директор на ПИОМ со уште една пријава, плаќал кирија за сестра му

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ: Претседателката има право да го употребува името Македонија како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со уставното име

СЕ ОГЛАСИ КАБИНЕТОТ: Претседателката има право да го употребува името Македонија како чин на лично право, свечената заклетва беше потпишана со уставното име

„ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖЕЛА ЗА ПАЦИЕНТИ, СЕГА НЕА И Е ПОТРЕБНА ГРИЖА“: По доживеан мозочен удар, на докторка од Охрид и требаат пари за лекување

„ЦЕЛ ЖИВОТ СЕ ГРИЖЕЛА ЗА ПАЦИЕНТИ, СЕГА НЕА И Е ПОТРЕБНА ГРИЖА“: По доживеан мозочен удар, на докторка од Охрид и требаат пари за лекување