Хан се огласи на Твитер: Време е Западен Балкан да се приклучи кон Европската унија
Објавено во: Македонија 01 Мај, 2019
Еврокомесарот Јоханес Хан се огласи на Твитер, тој напиша дека е време да се интегрира Западен Балкан. За да се заврши процесот на обединување на Европа е потребен и Западен Балкан.
„Денеска прославуваме 15 години од проширувањето на ЕУ, амбициозен проект основан на заедничките напори и визија – да го реобединиме европскиот континент и да го обезбедиме мирот, просперитетот и безбедноста за сите граѓани на ЕУ“, напиша Хан на својот Твитер профил.
Еврокомесарот Хан смета дека со интеграцијата на Западен Балкан ќе се обезбеди мир и стабилност за сите граѓани во овој дел од Европа.