20 Декември, 2025
0.0461

Хибридните автомобили надеж за Кина, државни субвенции за сите

Објавено во: Свет 21 Април, 2013 11:08

Добивај вести на Viber

Кина го „затоплува" односот кон хибридните автомобили, а локалните производители ќе направат обид да го развијат овој пазар на кој доминираат јапонските конкуренти, пренесоа агенциите. Неколку автомобилски компании, меѓу кои државните „SAIC Motor Corp“ и „Brilliance Auto“, работат на технологијата за заштеда на гориво, која беше развиена и воведен од Тојот и моделот Приус пред две децении. „BYD Co“, кинескиот производител на батерии и автомобили, во кој удел има и Ворен Бафет, развива и сопствена технологија за автомобили на бензин и струја. „SAIC“ планира да лансира моделот „Roewe 550“ во наредните месеци, откако во 2011 година го претстави „Roewe 750“.„ Brilliance Auto“ почна масовно производство на „FSV“. „Great Wall Motor Co“ се очекува да го претстави својот прв зелен  автомобил следната година. Зголемувањето на државните субвенции за конвенционалните хибриди може да даде добар почетен поттик во Кина во однос на т.н. „нова енергетска политика" во производството на автомобили . Целта е до 2015 година во земјата да се движат најмалку половина милион хибридни возила, а до 2020 година нивниот број да достигне 5 милиони Минатата година во Кина биле продадени само 12 791 вакви возила, според податоците на Кинеската асоцијација на автомобилски производители. Државни субвенции за производство на хибриди За да оддалечи Кина од фосилните горива и да се намали загадувањето на воздухот, Пекинг понуди дарежливи стимулации за купување на автомобили од новата генерација. Тригодишната владина програма заврши минатата година, но се очекува да биде обновена, а субвенциите - зголемени. Во рамките на програмата, купувачите на автомобили со комбиниран бензин-електричен мотор добиваа државен поттик во износ од 3 илјади јуани, а за целосно електричните автомобили - 60 илјади јуани. Според претставник на висок раководител на автомобилската компанија, кој побарал анонимност, овие суми ќе бидат значително зголемени.

Можеби ќе ве интересира

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

Белгискиот премиер Де Вевер: Не сум играч на Русија, ама соседи ми се Депардје и Асад

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) ВАКВИ ДОЖДОВИ НЕМАЛО СЕДУМ ДЕЦЕНИИ: Улиците во Дубаи се поплавени

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

(ВИДЕО) Жителите на Брисел ги собираа компирите кои ги фрлија земјоделците

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

Путин тврди дека ЕУ се обидува да „ограби“ руски средства „на сред бел ден“

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

„Управувањето со европските односи со Русија ќе бара значителен дипломатски ангажман“: новите приоритети на САД

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот