ХИЛАРИ ЗАМИНУВА ВО ИСТОРИЈАТА: Повеќе нема да претендира за државни функции!
Објавено во: Свет 09 Јануари, 2017
Хилари Клинтон никогаш веќе нема да се кандидира ниту за една државна функција откако претрпе пораз од Доналд Трамп на изборите во ноември 2016 година, после кампањата која создаде досега најголеми поделби, рекла нејзината соработничка.
„Мислам дека таа ќе се занимава со пружање помош на деца и семејства“, рекла за СиЕнЕн Нира Танден, претседателка на Центарот за американски напредок, кој е поврзан со Демократската партија.
Хилари, навела Танден, на тие прашања била фокусирана цел живот, па со тоа ќе се занимава во наредните години.
„Но, не очекувам дека таа некогаш повторно ќе се кандидира за било која државна функција“, рекла Танден.
Соработничката на Клинтон со тоа реагирала на веста во Њујорк тајмс каде американскиот весник шпекулира дали Клинотн ќе се кандидира за градоначалничка на Њујорк против Бил де Балазиј, кој досега беше на таа функција, а кој бил шеф и на нејзиниот предизборен тим.