Хојт Ји демантира дека ќе биде амбасадор во Македонија?
Објавено во: Македонија 09 Декември, 2017
Многу сум горд што сум заменик помошник државен секретар на САД и задоволен сум од својата работа. Драго ми е што можам да речам дека сѐ уште ќе бидам тука, одговори Хојт Ји во ексклузивното интервју за телевизијата Н1 на прашањето дали ќе биде новиот амбасадор на САД во Македонија.
Тој вели дека американските интереси во регионот се насочени кон помагање на земјите од регионот да се приближат до нивните цели, а тоа се просперитетот, демократијата, стабилноста и иднината.
За телевизијата N1 Хојт Ји даде целосно интервју во кое зборува освен за Босна и за состојбите на Балканот.