Холандска амбасада: Од 22 декември влез само со ПЦР-тест и за вакцинираните од Северна Македонија
Објавено во: Македонија 20 Декември, 2021
Холандската амбасада во Скопје известува дека од 22 декември, соглансо новите правила, и вакцинираните ќе треба да прикажат негативен ПЦР-тест за влез во земјата.
„Од 22 декември 00:01 па натаму, сите патници кои патуваат (назад) во Холандија надвор од Шенген/ЕУ треба да покажат негативен резултат од тестот, вклучително и оние кои се целосно вакцинирани или оздравени.
Ова исто така важи и за патници од земји со висок ризик и земји кои се на списокот на безбедни земји на ЕУ (вклучувајќи ја и Северна Македонија)“, се вели во соопштението на амбасадата.
Повеќе информации може да се најдат на следниот линк.