Холанѓаните се враќаат на море во Црна Гора
Објавено во: Балкан 05 Јули, 2016
По 30 години Холанѓаните се враќаат на море во Црна Гора.
Воспоставена е соработка со тур оператори од оваа земја и воведени се чартер летови, а истото ќе се реализира и со скандинавските земји.
Тие од мај почнаа да одмараат во хотелите во Будва, а има најави и за посети следната сезона. Оваа туристичка сезона има раст во однос на претходната барем засега. За шест месеци реализирани се над 130.000 ноќевања или во јуни 9% повеќе од лани.
Во предсезона бројот на ноќевања е зголемен за 11%. Резервациите покажуваат дека туристи ќе има и во шпицот на сезоната. Структурата на гости се менува од месец во месец. Во предсезона имало многу гости од Франција и Русија.
И бројот на италијански туристи е тројно поголем од лани.
И за оваа летна сезона во туристичките места се ангажирани голем број сезонци за опслужување на туристите.