05 Мај, 2024
0.0246

Холанѓаните, Полјаците и Турците „најсубвенционирани“ туристи во Македонија

Објавено во: Економија 26 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Холандските туристи во 2019 биле „најсубвенционирани“ од државата. Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот одобрила субвенции за носење на 12.300 Холанѓани во посета на македонските туристички места, а за 8.960 барањата биле дополнително обработувани. На второто место се 6.544 одобрени барања за субвенционирање на гости од Полска, а потоа се Турците на трето место со 5.106. 

Истовремено биле одбиени барањата за субвенционирање на доведувањето на 1.689 Германци, а одобрени биле само за 301. Прифатени биле и барањата на операторите за 408 Малезијци. Вкупниот број на субвенционирани туристи е 25.529, од 55.250 барања.

Во 2019 Агенцијата за субвенционирање на операторите потрошила милион евра, колку што вообичаено и се одобрува секоја година. За 25.529 странски туристиите биле одобрени субвенции, а за 21.404 барањата биле во обработка. додека за 8.317 биле одбиени турите, авионскиот и автобускиот превоз. Од таму велат дека редовно се одржуваат состаноци со заинтересираните оператори кои сакаат да дојдат до овие субвенции, иако секоја година буџетот се исцрпува.

- Со подносителите на барањата за субвенции и нивни овластени лица, Комисија за доделување на субвенции за странски организиран туристички промет за предметните барања за субвенции, остварува и работни средби на кои на заинтересираните странки им се објаснуваат сите нејаснотии околу предметните барања, начинот и видот на апликации, како и тоа кои документи се соодветни за аплицирање, кои треба да ги достави подносителот за да го оствари правото на доделување на субвенции, велат од АППТ.

Во Македонија најбројни лани се посетите од туристите од Турција, Србија, Бугарија, Грција и Полска. Најголем пораст има кај бројот на посети од Грција од 40.941 во 2018 на 57.578 во 2019. Туристите во Македонија потрошиле 396 милиони долари во 2019, што претставува раст од само 15 милиони долари на годишно ниво.

Според стратегиските планирања на агенцијата, пред избувнувањето на корона-кризата, во 2020 требаше да има зголемен просечен престој на туристите и раст помеѓу 10-15 отсто. Во јануарската статистика за 2020 година туризмот бележи раст од 12 проценти во однос на истиот период 2019 година.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

СРБИТЕ ОДАТ НА СЕЗОНСКА РАБОТА ВО ХРВАТСКА: Зошто оваа земја е примамлива за нив?

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ХРАНАТА ВО СВЕТОТ ПОСКАПУВА: Шеќерот поевтини поради позитивни сигнали од три земји

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ВАЛУТИ: Зошто паѓа вредноста на доларот во однос на јенот?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

ИЗБЕГАА ОД МОБИЛИЗАЦИЈА: Зошто Русите сега се враќаат дома?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

НАЈБОГАТИ ЛУЃЕ ВО СВЕТОТ: Kaде на листата е Илон Маск?

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ИНВЕСТИЦИЈА ОД 720 МИЛИОНИ ЕВРА ВО ГОРИВО НА ИДНИНАТА: ЕУ инвестиција, а две европски земји го земаат најголемиот дел од колачот

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ПО ПРВИОТ БРАН ОТКАЗИ: Дали Тесла подготвува нов круг отпуштања, уште поголем?

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

ЕВЕ КОИ АВИОКОМПАНИИ СЕ ПОД ЛУПА: Европската асоцијација за заштита на потрошувачите пријавила 17 фирми до ЕК

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години

Гаспром забележа нето загуба од 6,4 милијарди евра во 2023 година, прва во последните 14 години